НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања, одбраната најави жалби за доживотните казни

0
By Marija Todorovska on June 25, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, додека одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, осудени на доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, најавија жалби за осудителната пресуда. Обвинителството смета дека постојат докази за вината на Ѓорчевски, а за адвокатите на дел од осудените пресудата е донесена без докази.

Според обвинителката Жаклина Трајковска, изречените доживотни казни затвор за обвинетите се доказ дека правдата сепак излегува на површина.

Изречените доживотни казни затвор за обвинетите се доказ дека ниту еден сторител не може да остане не откриен за сторување на вакви грозоморно кривични дела ,дека и покрај планираното до детали убиство и на Вања Ѓорчевска, и на Панче Жежовски обвинетите се откриени и ја добија заслужената казна затвор. Ова е доказ дека правдата сепак излегува на површина, рече таа во изјава за медиуми по објавата на пресудата во Основен кривичен суд Скопје.

Обвинителката Ана Стојковиќ додаде дека системот правилно упатил порака дека вакви дејствија нема да се толерираат.

Семејствата на жртвите секако не би биле задоволни со ниедна пресуда со оглед на тоа што го изгубиле. Меѓутоа, со оглед на фактот дека денеска за четворица обвинети е изречена највисоката казна затвор што согласно македонското законодавство може да се изрече, сметам дека системот правилно упати порака дека вакви дејствија нема да се толерираат и ќе бидат најстрого казнувани, рече обвинителката.

Во однос на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, Стојковиќ рече дека ќе вложат жалба.

Двајца обвинети дадоа исказ дека овој факт тие го дознале од таткото, не од никој друг, од таткото, од обвинетиот Александар Ѓорчевски преку Палевски. Да не знаеле дека детето дента по исклучок ќе оди само немало да има ниту грабнување. Обвинителството не можеше да помине преку овој факт. Сепак судот е највисока истанца, ние ќе си вложиме жалба, судот ќе си одлучи, дополни Стојковиќ.

Во врска со приведеното лице од Народна банка за кое обвинетиот Велибор Манев во завршниот збор рече дека го уништил синиот ранец со оружје, таа рече дека е отворен нов предмет кој не влијае на оваа постапка.

За сега нема причини коишто би можеле да влијаат на оваа постапка. Отворен е нов предмет за наводите на обвинетиот Велибор Манев од минатото рочиште. Се работи за разгледување на сите факти и околности за проверка на неговиот исказ од минатиот пат. Тоа е нов предмет. Ние го водиме предметот, рече Стојковиќ.

Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Љупчо Палевски, изјави дека пресудата е донесена без ниту еден доказ и најави дека ќе вложат жалба.

-Пресудата не ја коментирам на судот. Меѓутоа наше видување е дека како што почна така заврши и овој циркус. Обвинителството без ниту еден доказ, Судот врз основа на напишаното во обвинителниот акт. Ниеден доказ нема, ниту разумен сомнеж. Денеска таткото доби по мене заслужена ослободителна пресуда бидејќи немаат докази, исто како и за мојот клиент, рече Страшевски.

Адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, исто така рече дека ќе вложи жалба на денешната пресуда.

Секако дека ќе вложиме жалба на денешната пресуда. Ако ја слушнавте објавата на пресудата сигурно слушнавте два непобитни факти. Судот ги ослободува обвинетите од грабнувањето на Панче Жежовски. Како го убија а не го грабнаа? Втората работа, судот вика дека човекот е убиен 10:30. Цела Македонија виде снимка 12:30 часот човекот е жив на бензинска станица на Лукоил во Велес, рече Манев.

Според Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев, Судот не во целост ги зел олеснителните околности, особено фактот дека доколку не бил Кешишев немало да бидат пронајдени телата. И тој, исто така, најави жалба.

Сметаме дека Судот не поклони доволно верба на исказот на Кешишев дека дејствувал по страв и по наредби на обвинетиот Палевски, дополни Евремов.

Вања Ѓорчевска обвинителство Панче Жежовски пресуда Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.