Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ја продолжија вонредната состојба во врска со Западен Балкан за уште една година

0
By Zoran Ivanov on June 26, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 26, 2025 20:22

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба во врска со Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година, за уште една година, почнувајќи од 26. јуни.

Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп на 20. мај.

Во документот објавен во американскиот Федерален регистар се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од дејствијата на лицата кои учествуваат, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот договор или кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Во текстот на Извршната наредба, исто така, се наведува дека „дестабилизирачките дејствија, корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот претставуваат исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.

Извршната наредба со која првпат беше прогласена вонредна состојба за САД во однос на Западен Балкан беше објавена на 26. јуни 2001 година, за време на мандатот на американскиот претседател Џорџ В. Буш.

Претходниот американски претседател Џозеф Бајден ја потпиша Извршната наредба 14140 на 8. јануари, пред тогаш новоизбраниот претседател Трамп да ја преземе функцијата, со која вонредната состојба во врска со Западен Балкан беше продолжена до 26. јуни оваа година.

балкан вонрени зад западен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.