НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел: Зголемен ризик од пожари поради високите температури

0
By Marija Todorovska on June 27, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

Министерството ја потсетува пошироката јавност дека во периодот кој следи да биде особено внимателна бидејќи поради високите температури ќе се зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и од суштинско значење е јавноста да ја разберат опасноста како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина.

Лица кои вршат активности на земјоделски површини како и сточарите да бидат особено внимателни при извршување на активностите и да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасишта што е строго забрането со закон и претставува казниво дело, се наведува во соопштението од МЗШВ.

Оттаму посочуваат дека пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина.

Предизвикувањето на пожар на отворен простор, како што велат од МЗШВ, е казниво дело.

 Клучен елемент за спречувањето на пожари од пошироки размер е Брзо откривање – јавноста да алармира на 112, се наведува во соопштението.

Од МЗШВ совеуваат избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време, како и пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.

МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на отворен простор

Од МЗШВ со потсетување дека од 01.07.2025 година до 31.08. 2025 година ќе биде на снага целосна забрана за движење во шумите.

 За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел. Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови, имоти, шумите и животната средина, се наведува во соопштението од МЗШВ.

апел МЗШВ пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.