НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведени 17 луѓе на прославата на Видовден во Косово

0
By Zoran Ivanov on June 28, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовската полиција приведе 17 луѓе за време на прославата на Видовден, за „поттикнување омраза и носење облека со провокативна содржина“.

Сите полициски акции беа спроведени во соработка и координација со судските органи, според чија одлука еден осомничен е приведен поради основано сомнение за кривично дело нелегално поседување оружје, друг е обвинет за прекршок, четворица се ослободени, додека уште 11 се под истрага, се вели во соопштението.

Српската листа претходно објави дека косовската полиција привела повеќе од 15 Срби за носење на српското знаме или за носење „историски симболи“ на нивните маички. Според соопштението, официјална Приштина денес покажала дека „не ги почитува верските и граѓанските права на српскиот народ“.

Тие додадоа дека вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ја „инструментализирал“ полицијата и дека целта била „да се заплашат и да се справат со Србите“.

Српската листа предупредува дека меѓународната заедница повеќе не може да остане тивок набљудувач на прогонот на еден народ. Молчењето за ваквите дејствија значи соучество во систематското угнетување на Србите во Косово, се наведува во соопштението.

Во Газиместан, кој се наоѓа на околу десет километри од Приштина, Срби од Косово, како и од Србија и земјите од регионот, се собраа за да го прослават Видовден, празник што ја одбележува битката против турската војска на Косово во 1389 година.

видовден Косово полиција приведени Срби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.