Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење

0
By Marija Todorovska on July 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 3, 2025 17:45

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините Прилеп, Валандово, Богданци, Старо Нагоричане, Македонски Брод и други локации, изјави на прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС).

Во првите три денови од овој месец регистрирани се 43 пожари на отворен простор, нагласи Ангелов.

Упатувам апел до поголемиот број македонски граѓани кои што имаат свои викендици или стари куќи во делумно или целосно напуштени села, да се погрижат за нивните дворови. Во валандовско постоеше опасност да изгорат неколку куќи во кои сеуште живеат возрасни луѓе кои го запуштиле дворот и им изникнала трева повисока од еден метар со што пожарот можеше да дојде до нивниот праг и куќите да ги запали. Апелирам граѓаните да ја искосат тревата и на тој начин ќе ни помогнат во гаснењето на пожарите бидејќи со вакво темпо и според прогнозите најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење и нашиот фокус наместо кон гаснење на пожарите ќе треба да биде кон одбрана на населените места, истакна Ангелов.

Од ДЗС информираа дека дирекцијата во овој момент има еден функционален Ер-трактор, вториот Ер-трактор со завршување на сервисирањето треба да пристигне следната недела, а за третиот Ер-трактор неможе да се даде точна информација.

Сакам да ја известам јавноста дека благодарение на премиерот и Владата, платата на вработените  во авио-одделението во ДЗС е двојно зголемена и тоа ќе биде мотивирачки фактор вработените да останат да работат во ДЗС. Воедно ги повикувам на разговор пилотите што имаат професионална дозвола за летање, а не се ангажирани, да дојдат на дообука и да се стекнат со дозвола за Ер-трактор, посочи Ангелов.

На прес-конференција во ДЗС, директорот Ангелов информира за надлежностите на Дирекцијата и работата на внатрешната инспекција и инспектори чиј вкупен број е 15, а потребно е да бидат 35, проблем кој во наредниот период ќе се решава.

Ги повикувам сите граѓани и посебно земјоделците да не палат огнови на отворено, да не се палат стрништа, да не се пали сувата трева, да не се палат пасиштата, да не се палат грмушки. Да се почитуваат правилата за движење низ шуми бидејќи движењето не е забрането, само е потребна најава и дозвола за движење низ шумите, појасни Ангелов.

Од ДЗС потврдија дека во случај на кризна состојба ќе бидат употребени и специјални возила транспортери за гаснење на пожари кои ќе бидат препознатливи и со црвена боја.

ДЗС пожари Стојанче Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.