Карачи: Најмалку пет лица загинаа, а шест се повредени при уривање на станбена зграда во Карачи, најголемиот град во Пакистан, соопшти денеска локалната полиција.
Полицијата се сомнева дека во урнатините има заглавено уште луѓе.
Петкатната станбена зграда се урнала околу 5 часот наутро, односно 10 часот по локално време.