НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет

0
By Marija Todorovska on July 6, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: businessinsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата  и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.

Анкетата е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Според анкетата, кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните лица секојдневно го користат интернетот во домаќинството. Најголем дел или 78,2 проценти во просек поминуваат до пет часа дневно приклучени на интернет.

Свесност за софтвер за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет, постои кај 63,5 проценти од испитаниците. Ваков софтвер имаат инсталирано 25,9 проценти од домаќинствата, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, 58,6 проценти би инсталирале. Од оние испитаници кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, 17,3 проценти знаат каде можат да најдат ваков софтвер.

Како што стои во наодите од анкетата, интернет во домаќинството користат 94,1 процент од испитаниците. Најголем дел се корисници на А1 (39,3 проценти) и Македонски Телеком (37,8 проценти), додека 12,8 проценти се корисници на интернет од Телекабел. Иако не сите испитаници имаат интернет приклучок во домот, 99,9 проценти користат интернет. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, 36,6 проценти знаат која е брзината на интернет конекцијата што треба операторот да ја обезбеди, а од нив 87,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество на податоци од интернет провајдерот, се наведува во резултатите.

Нешто повеќе од една четвртина или 27,4 проценти од испитаниците се соочиле со некаков проблем при користење на интернет во домаќинството, односно во 2025 година 72 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството.

Најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (19,8 проценти), прекини/недостапност на услугата (16,1 проценти), и проблеми со техничката опрема (7,9 проценти). Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 47,5 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и кај 54,7 проценти проблемот бил отстранет истиот ден, стои во клучните наоди од анкетата.

Приближно една четвртина или 24,3 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот оператор, а потполно задоволни се 40,1 процент од нив. Писмен приговор упатиле само  еден процент од испитаниците, стои во резултати од анкетата на АЕК.

анкета интернет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.