НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовева во ЕП: “На македонскиот народ не му треба ваша дозвола за да постои!“ Латинопули: „Јас сум вистинска Македонка, а не лажна како тие во Скопје!“

0
By Marija Todorovska on July 9, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Своевиден скандал за нас во Европскиот парламент, при расправата за Извештајот на Томас Вајц за нашата земја, вчера предизвика грчката европратеничка Афродити Латинопули од десничарската група Патриоти за Европа (ЕФП), која истакна дека таа е „вистинска горда Македонка“, а не „лажна како жителите на Скопје“. Таа ги поддржа и бугарските ставови за македонскиот идентитет и јазик, порачувајќи дека пристапувањето на земјава кон ЕУ „нема да се случи ниту на сон“.

Спротивно од Латинопули, нејзиниот сонародник Константинос Абванитис од групата Левица оцени дека напредокот во пристапувањето треба да зависи од исполнување на Копенхашките критериуми и изрази надеж дека Европската комисија „ќе покаже иста ревност кон Западниот Балкан, како што покажува кон Источна Европа“.

Со негативен став  настапија и бугарските европратеници, како Ивајло Валчев, Станислав Стојанов, потоа Андреј Ковачев и останатите бугарски пратеници кои учествуваа во дебатата.

Сепак, наспроти тоа, мнозинството европратеници од партиите од т.н. „проевропско мнозинство“ во Европскиот парламент во синоќешната дебата по Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година, изразија поддршка за нејзините европски аспирации и за пристапување кон ЕУ.

Највпечатлив беше настапот на словенечката европратеничка Ирена Јовева која изјави:

„За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет и храброст.“

Јовева додаде и дека документот на Вајц е извештај за патот на земја кандидатка за членство, на кој таа е понижена од некои членки на Унијата. Таа нагласи дека нема да гласа за амандманите за бришење на формулација „македонски идентитет и јазик“ од Извештајот, потенцирајќи дека македонскиот идентитет нема да исчезне поради нечие лобирање.

Словенечкиот европратеник Матеј Тонин од Европската народна партија, кој воедно е и известувач во сенка на ЕП за земјава, истакна дека во изминативе 20 години од добивањето на кандидатски статус, државата покажа вистинска посветеност на напорите за членство, спроведе важни реформи и се приближи кон ЕУ.

 Мора да бидеме јасни: проширувањето мора да остане процес на заслуги. Земјите што даваат резултати и ги почитуваат европските вредности треба да добијат јасен и фер одговор. Следниот чекор е да се усвојат уставните измени што ги побара Советот на ЕУ во јули 2022 година, вклучително и формалното признавање на бугарската заедница. Ги повикувам сите. Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија конструктивно да се вклучат во овој процес, рече Тонин, додавајќи:

Исто така, дозволете ми да нагласам дека билатералните прашања не треба да го блокираат почетокот на процесот на преговори, само затоа што земјите членки го имаат последниот збор. Проширувањето е една од најсилните стратешки алатки. Да не го поткопуваме поради историско несогласување. Мора да се фокусираме на сегашноста и да го најдеме патот напред, рече Тонин.

Тој истакна дека не смее да се заборави дека проширувањето не е само политички приоритет, туку и стратешки избор, кој носи економски придобивки и за постојните земји членки и за новите, па затоа напредокот на земјава на европскиот пат не е само во нејзин, туку и во интерес на Европската унија во целина.

Стискам палци наскоро да ја имаме Северна Македонија како полноправна членка на Европската унија, додаде Тонин во обраќањето.

Холандскиот пратеник Тијс Ројтен од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) нагласи дека ЕУ и Македонците споделуваат заедничка визија за европската иднина на земјата, потенцирајќи дека носењето одлуки за проширувањето не треба да се злоупотребуваат за решавање со билатерални спорови, туку тие треба да се надминуваат преку дипломатија заснована на еднакви услови.

По се низ што помина Северна Македонија, до промена на името на земјата, фрустрацијата на Македонците е разбирлива, но неопходен е уште еден уставен амандман. Го повикуваме Советот да обезбеди кредибилен пат за пристапувањето, без нови услови за следниот чекор во пристапувањето, рече Ројтен.

Кога станува збор за македонскиот јазик и идентитет, како што нагласи Ројтен, тие постојат и овој Парламент ги почитува.

 Сакам да ги охрабрам нашите колеги во Собранието, а и нас самите, да размислиме што ќе им одговориме на нашите деца и внуци кога ќе не прашаат што сме направиле кога имавме шанса да ја промениме иднината на земјата и на Европа, додаде Ројтен.

Романскиот европратеник Дан Барна од либералната група „Да ја обновиме Европа“ изјави дека подготовката на овој Извештај била обележана со „некои контроверзно чувствителни прашања и со дезинформации“, потенцирајќи дека целта на документот е да го процени напредокот на патот на земјава кон членство во ЕУ, реформите, чекорите напред, но исто така и областите каде што таа треба да вложи дополнителни напори.

Мојата порака денеска е порака за надеж дека нашето минато ја одредува нашата сегашност, нашата сегашност ја одредува нашата иднина. Тоа е патот кон напредокот. Се надевам дека сите актери во одреден момент ќе дејствуваат помудро и поодговорно и ќе признаат дека проширувањето е стратешки императив во корист на нашите нации и на целиот континент, додаде Барна.

Австрискиот европратеник Андреас Шидер од СД упати апел до властите во земјава „да ги преземат потребните чекори за да започнат преговорите за членство во Европската унија“, а на бугарските политичари им порача дека треба да сфатат оти зачленувањето на државава во ЕУ не е само во нејзин, туку и во интерес на Бугарија, па затоа да не се обидуваат да го блокираат нејзиното пристапување кон Унијата.

Романскиот европратеник Шербан Димитрие Струѕа од редовите на групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) оцени дека земјата презеде храбри, дури и болни чекори на својот европски пат и ако ЕУ не ги препознае овие напори, ризикува да ја изгуби довербата на македонските граѓани и тие да потпаднат под странско влијание.

Во своето завршно обраќање, еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека ЕУ ќе продолжи да работи со земјава и да ја поддржува во нејзиниот пристапен процес, со отворање на преговорите по Кластерот „Основни вредности“, кога таа ќе ги „преземе потребните чекори за да ја заврши првата фаза од пристапувањето“.

 Сметам на поддршката од овој Дом за да останеме ангажирани. Северна Македонија припаѓа во Европската унија, додаде Кос.

Известувачот за земјава, австрискиот пратеник Вајц, пак, на крајот на дебатата истакна дека документот што тој го изработи е извештај на Европскиот парламент за напредокот на европскиот пат на „една земја наречена Северна Македонија“ и тоа е она за што требало да се говори на дебатата.

„Дозволете ми да кажам едно нешто како Австриец. Ние пристапивме во Европската унија врз основа на оставање на нашето минато зад нас. Да, се помируваме. Да, се извинуваме. Да, ги признаваме злосторствата што се случија во минатиот век, но ја оставаме историјата зад нас и ги здруживме силите за да ја изградиме нашата заедничка иднина. Тоа е она што го направија и Германија и Франција, а Австрија го направи со своите соседи Словенија, Унгарија и Чешка. Ние ја надминавме историјата и ги здруживме силите за општото добро на нашите граѓани, за Европската унија и за судбината на нашите општества“, порача Вајц, изразувајќи надеж дека на денешното гласање мнозинството европратеници ќе го поддржат неговиот Извештај.

Европски парламент ЕУ Извештај Томас Вајц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.