Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Херсон: Руски дрон уби бебе

0
By Zoran Ivanov on July 14, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 14, 2025 09:05

Едногодишно бебе беше „безмилосно и намерно“ убиено во напад со руски беспилотни летала во јужна Украина пред три дена, соопштија украинските власти. Жителите велат дека се чувствуваат како мети во болна игра на „човечко сафари“.

Бебето, идентификувано како Дмитрик, си играло во дворот на неговата баба во селото Правдине кога дронот удрил во близина, гранатите му го прободеле срцето и го убиле. Дмитрик го прославил својот роденден само два месеци претходно.

„Нашето мало дете беше тука, во оградената област, шетајќи наоколу“, изјави бабата на бебето, 64-годишната Халина, за украинскиот медиум „Подробности“.

„Го слушнав ветерот и зуењето на дронот, ја свртев главата и тој леташе право тука“, се присети таа.

„Трчав како луда кон детето. Кога татко му кога го крена во рацете по експлозијата, внучето ми беше мртво“, рече таа низ солзи.

Фотографиите од местото на нападот покажуваат игралиште покриено со стакло и метални парчиња, уништени играчки и разнесена ограда. Кровот на куќата беше оштетен, а влезната врата останала без стакло. Дел од експлозивниот товар од дронот беше пронајден веднаш пред куќата, пренесуваат хрватските медиуми.

„Овие детски играчки што беа разнесени од експлозијата му припаѓаа на Дмитрик“, изјави за „Телеграф“ високиот украински воен функционер Олександр Прокудин.

Инаку и Русија и Украина користат дронови од прво лице ФВП (FPV), кои ги пилотираат војници кои гледаат снимки од дронови во живо, а потоа фрлаат бомби или се уриваат во цел и експлодираат. Русија ги користи овие дронови за тероризирање на цивилите во Херсон, таргетирајќи луѓе на отворено.

Андриј Јермак, советник на претседателот Володимир Зеленски, изјави за „Пост“ дека нападот во кој е убиено момчето не бил случаен. ФВП дроновите им обезбедуваат на операторите јасен поглед на целта, а сликата станува појасна колку што дронот се приближува.

 

бебе дрон руски уби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.