Венко Филипче: Во Кочани се сретнав со членовите на СДСМ и граѓаните. Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија се огромни. СДСМ во изминатите месеци покажа што значи вистинска грижа и поддршка.
Предложивме закон за финансиска помош за семејствата од Кочани. Поднесовме и амандман на ребалансот на Буџетот за да обезбедиме средства и да покажеме дека општеството не ги заборава. За жал, и законот и амандманот беа одбиени од власта и мнозинството.
Тешко е да се прифати дека истата таа власт денес троши 1.8 милиони евра на кампањи, брошури, кетеринзи и тотеми и себепромоција, но не прифаќа да обезбеди средства за семејствата на настраданите.
Ќе продолжиме да се бориме за Кочани, да се слуша нивниот глас, и да се избориме за поддршка што ја заслужуваат. Ова не е политичко прашање, туку човечко.
Извор: Фејсбук