НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО и УНИЦЕФ: Вакцинацијата жртва на сопствениот успех, дезинформациите ја загрозуваат детската заштита

0
By Marija Todorovska on July 15, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Женева: Стапката на вакцинацијата кај децата во Европа и Централна Азија во 2024 година останала под нивото од пред пандемијата, покажуваат податоците за опфат со имунизација што денеска ги објавија Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ.

Според извештајот, 89 отсто од новороденчињата во светот примиле најмалку една доза од вакцината DTP (против дифтерија, тетанус и пертусис), а 85 отсто ги примиле сите три дози. Тоа претставува зголемување од 171.000 деца кои примиле барем една доза, и еден милион целосно вакцинирани деца повеќе во споредба со 2023 година.

Сепак, во регионот на Европа и Централна Азија, просечните стапки на вакцинација останале непроменети или се намалиле за еден процентен поен, стои во извештајот.

Во некои земји од регионот, опфатот со првата доза од MMR вакцината (против морбили, заушки и рубеола) и третата доза од DTP значително опаднал. Дел од земјите пријавиле само 23 отсто опфат со првата доза MMR и 51 отсто со третата доза DTP. За постигнување колективен имунитет и спречување на епидемии на болести што може да се спречат со вакцинација, неопходен е годишен опфат од најмалку 95 отсто.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во 2024 година речиси 300.000 луѓе заболеле од пертусис (магарешка кашлица), што е тројно зголемување во споредба со претходната година.

 Во меѓувреме, повеќе од 125.000 лица заболеле од морбили, двојно повеќе од 2023 година. Овие бројки не се само статистика – тоа се стотици илјади загрижени семејства чии деца се разболеле, а тоа можело да се спречи, рече Клуге.

Тој нагласи дека „вакцините спасуваат животи, а кога опфатот паѓа – болестите се шират“.

Клуге ги повика државите да инвестираат во силни локални здравствени системи, да обезбедат достапност на вакцините во секоја заедница и активно да се борат против дезинформациите.

– Здравствените работници мора да добијат поддршка за да стигнат до секое семејство, особено во тешко достапните области. Заедниците треба да бидат информирани со веродостојни информации за родителите да можат со доверба да ги вакцинираат своите деца, изјави тој.

Регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Режина де Доминичис, изјави дека „вакцинацијата станала жртва на сопствениот успех“.

Денешната генерација не е сведок на разорните последици од болестите што може да се спречат со вакцинација – што доведува до опуштеност и овозможува полесно ширење на дезинформации,  рече таа.

И покрај предизвиците, извештајот посочува на континуирано подобрување на опфатот со новите вакцини. Така, помеѓу 2019 и 2024 година, опфатот со првата доза од вакцината против хуманиот папилома вирус (HPV) кај девојчињата пораснал од 37 на 40 отсто, а кај момчињата од осум на 26 отсто.

Зголемен е и опфатот со последната доза од вакцината против ротавирус – од 24 на 42 отсто, како и со третата доза од вакцината против Haemophilus influenzae тип Б – од 81 на 93 отсто.

Потребна е итна и обединета акција за намалување на јазот во опфатот со имунизација и спречување на повторна појава на болести што можат да се превенираат. Секоја земја има своја улога, дури и оние со високи стапки на вакцинација, порача Клуге.

вакцинација СЗО УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.