Њујорк: Европските сојузници на Вашингтон започнаа да градат паралелни дипломатски и одбранбени институции, подготвувајќи се за можно сценарио во кое САД повеќе нема да бидат главен столб на економската и воената безбедност на Стариот континент, пишува „Њујорк тајмс“.
Весникот наведува дека лидерите на Велика Британија, Франција и Германија ги оставиле настрана разликите и започнале тесна соработка.
Тие граделе нови одбранбени партнерства и внимателно ги следеле сигналите од Вашингтон.
Во изминатите шест месеци, американскиот претседател Доналд Трамп сериозно го потресол деценискиот трансатлантски сојуз, наведува весникот.