Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелската војска потврди дека извршила упад врз објект што го користи СЗО

0
By Zoran Ivanov on July 22, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 22, 2025 17:12

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес потврдија дека извршиле рација во зграда во Деир ал-Балах, во централна Газа, која ја користи Светската здравствена организација (СЗО), и дека привеле неколку лица осомничени за врски со терористички активности.

Во исто време, СЗО тврди дека објектот и блискиот магацин биле оштетени во израелските воздушни напади, објави денес „Тајмс оф Израел“. Израелската војска вели дека операцијата е спроведена откако војниците биле нападнати во областа и одговориле.

Пред операцијата во областа, ИДФ издаде предупредување до цивилите да се евакуираат за нивна безбедност и беше во контакт со меѓународните организации што работат во областа, се вели во соопштението на израелската војска.

ИДФ потврди дека неколку лица осомничени за вмешаност во терористички активности се приведени како дел од поширока копнена операција, додека повеќето од нив, откако беа испрашувани на лице место, беа ослободени и евакуирани во координација со меѓународните организации.

Од друга страна, СЗО соопшти дека израелските војници „го нападнале објектот и ги принудиле жените и децата да ги напуштат просториите, додека мажите, вклучувајќи го персоналот и членовите на нивните семејства, биле врзани, претресувани и испрашувани под закана со оружје“.

Според СЗО, двајца членови на персоналот и двајца членови на нивните семејства биле приведени. Тројца подоцна биле ослободени, додека еден вработен останува во притвор.

ИДФ нема да се двоуми да дејствува во области каде што терористичката активност ја загрозува безбедноста на Државата Израел, соопшти војската.

СЗО, исто така, соопшти дека главниот магацин на организацијата во Деир ал-Балах бил оштетен за време на израелските напади, но ИДФ не ги коментирал тие тврдења, пренесува Танјуг.

 

газа Израел СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.