Третата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација се очекува да започне утребечер во Истанбул, објавија повеќе светски агенции.
Се очекува преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина да започнат денеска, среда во Чираганската палата приквечер но ова не е конечна информација, точното време и датум сè уште не се потврдени, изјави неименуван извор од Анкара, пренесе и „Анадолија“.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повтори својата понуда да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да преговара за крај на војната во Украина.