Руски бомбашки напад врз медицински објект во источниот украински град Харков повреди најмалку 14 лица, изјави денеска регионалниот гувернер Олех Синиехубов.
Спасувачите извлекоа четворица преживеани од урнатините и сè уште бараат уште двајца, рече Синиехубов.
Повеќе од 40 лица беа повредени вчера во Харков во нападите со руски бомби.