НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фани и новиот СДСМ во Мициленд

0
By Zoran Ivanov on August 9, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овие два момента –  соопштението за балистот морана и Фани Сорос на Карпалак – даваат надеж дека сепак СДСМ на чело со Филипче и Фани и убавата Чупеска ќе успеат во Беконовско ново втемелување на идеологија. Идеологија која нема повеќе ниту да наликува и произлегува од старата губитничка, па во некои елементи може да се рече и антимакедонска парадигма од времето на Заев, кратко опишана со неговата изјава дека на СДСМ не му прилега патриотизам.

Тони Науновски

Вчерашниот ден беше политички мошне возбудлив, уште сум во шок после фотографиите на кои се гледа како Потпретседателката на СДСМ Фани Каранфиловска-Пановска, долгогодишен директор на СОРОС за Македонија, со почит клекнува на споменикот на убиените од учк-она Македонски војници на Карпалак.

Отпрвин не ми се веруваше, но откако повеќепати проверив, нема сомнеж дека се автентични, придружени со партиско соопштение за настанот. И додека сеуште низ Македонија одекнуваше ехото од неверицата, дополнителен позитивен шок беше соопштението на СДСМ со кое се осудува, сосема со право, одуката на владата на мицковистичко дпмне, влен и знам за именување на основно училиште според името на балист и фашистички соработник, некојси Морана.

Дека мицковистичко дпмне и знам се политички слуги на Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши е одамна познато и потврдено повеќепати, меѓутоа се чини дека со таква незаконска и антиуставна одлука покажаа дека не постои дно кое не можат да го пробијат во нивната сервилност кон влен, истовремено упорно политички лажејќи некои значително припрости гласачи дека се „патриоти“.

Овие фотографии се многу значајни во симболичка и идеолошка смисла во контекст на животната потреба на Македонскиот народ и сите граѓани овде да пронаоѓаат методи и начини како да се ослободат од диктаторскиот режим односно веќе тиранијата во која живеат. Ако беа смешни фотографиите на еден актуелен директор во режимот, а претходно децениски директор на втората по големина НВО во државата, по структура и ориентација мошне слична на СОРОС, како се гушка со Илинденски коњаници со црешово топче – ќе биде интересно ако следната година и самиот се качи на коњ и јава кон Комитско Крушево, нели – грандиозноста на фамозните фотографии на госпоѓа Фани Каранфиловска- Пановска (нагалено викана и Фани Сорос) произлегуваат од нејзината позиција Потпретседател на СДСМ. И со тој факт, ситуацијата станува сериозна а Деридијанската дисеминација на значења мошне продуктивна.

Имено, имаше релевантни показатели и емпириски верификувани дејства за создавање на нова, современа социјалдемократска идеологија компатибилна со патриотски дискурс откако го избраа нивниот нов Претседател, на што налутено јавно реагираа познати и докажани а ла сорос портали и ликови кои се моткаа околу СДСМ на Заев, а реагираат главно кога нешто е во интерес на Албанското население во државата. Дали поради нивен притисок не знам, но тој процес на креирање на нова парадигма на СДСМ за жал како некое време да запре, се до вчерашниот ден. Овие два момента –  соопштението за балистот морана и Фани Сорос на Карпалак – даваат надеж дека сепак СДСМ на чело со Филипче и Фани и убавата Чупеска ќе успеат во Беконовско ново втемелување на идеологија. Идеологија која нема повеќе ниту да наликува и произлегува од старата губитничка, па во некои елементи може да се рече и антимакедонска парадигма од времето на Заев, кратко опишана со неговата изјава дека на СДСМ не му прилега патриотизам.

Тоа ново втемелување на СДСМ всушност  би било враќање кон изворните принципи и модели на мислење на социјалдемократијата низ Македонската историја во различни стадиуми, од Комитско до Партизанско време. Дијалектичкиот развој на историскиот дух на Македонскиот народ содржи грижа за битие на народот нераскинливо поврзан со колективна желба за добро на сопственото индивидуално и колективно јас на Македонецот во своја држава, а тоа е коренот на социјалдемократскиот светоглед. Адаптацијата на тие автентични Македонски историски социјалдемократски епифеномени и резидууми кон современиот идеолошки дискурс на Европската социјалдемократија е задача на функционерите на СДСМ кои, да се надеваме, успешно ќе ја решат.

Единствено таквиот нов СДСМ може да го победи диктаторскиот режим. Со рециклирање на било каква варијанта на матрицата на Заевиот СДСМ тие ќе бидат губитници во речиси секои гласачки групен интерес и периметар на критериуми при процесот на донесување на изборна одлука посебно откако ќе се соочи со медиумската и системската доминација на мицковистичко дпмне, а со тоа ќе бидеме губитници и ние, обичниот народ кои е принуден сеуште да живее во диктатура во 21 век во Европа. Денес е 2025 година, не е ова времето од 2015, 2016 година. Тогаш ситуацијата беше тотално различна од денес. Во тие времиња на шарената револуција САД имаа многу важен интерес – да бидеме во НАТО – и тоа го реализираа као нивна стратешка цел.

Во името на тоа шарената револуција овде имаше нескриена и силна нивна поддршка од секаков вид, придружено со ЕУ поддршка за истата цел. Но, тоа заврши. Македонија е во НАТО, и се чини дека САД веќе немаат во Северна Македонија некој голем интерес, додека ЕУ е неединствена за многу прашања и нема сила за демократизација на државни системи посебно ако не сте нивен член а ние не сме поради дпмне мицковистичко. Кога на тоа ќе се додаде и светската геополитика односно зафатеноста на САД и ЕУ со Украина и Израел и сервилниот однос на режимот кон САД И ЕУ, потоа дење-ноќе летањето на Тимчо во обид за политичко додворување како  и многу други фактори, сосема е јасно дека нема да има ниту приближно можност за некакво повторување на шарената револуција.

Односно, таквата реторика, тие методи, површната шарена „идеологија“, прибирањето на, како што велеше Заев, и шуто и рогато, е само минато и тоа мошне темно, ако може да додадам. И, можеби и клучното сознание кое гледам најголем број од функционерите на СДСМ сеуште не го разбираат – до 2016 година всушност и немаше режим, ова сега е режим, времето на владеење на претходниот Претседател на Вмро-дпмне е, така да кажам, детска градинка во споредба со ова денес, и скраја да е, белким нема да ги видиме и доживееме сите потенцијални а богами се почесто и реални манифестации на бруталноста на режимот.

Затоа, потполно бесмислено би било повторно СДСМ да се врти кон „идеалите“ на шарената револуција и да дозволи нивните политики да бидат пак под влијание на некакви НВО кои често имаат потзатскриена антимакедонска мотивациска структура на ставови. И затоа вчерашниот ден беше радосен –  браво Фани!

Текстот е сопственост на Локално.мк

колумна Тони Науновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.