Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

0
By Marija Todorovska on August 11, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 11, 2025 10:39

Тирана: Албанската влада ја продолжува голема акција за уривање на дивоградби како дел од планот за членство во ЕУ до 2030 година, а денеска почна со уривање на големи објекти.

Премиерот Еди Рама на социјалните мрежи сподели снимка од уривањето на три-катна зграда – дивоградба во туристичката зона Радим, во Валона, нарекувајќи го ова уште еден чекор во борбата против незаконитоста.

Во својата објава на Фејсбук, Рама нагласува дека „справувањето со градбата без дозволи или со непочитување на дозволите е мисија што ќе продолжи до крај, за заштита на јавните простори и запирање на обезличувањето на заедничките простории“.

Валона се разбуди овој понеделник наутро со експлозија на 32 килограми експлозив, со што државниот инспекторат за урбанизам, во соработка со Министерството за одбрана, инженерските сили и државната полиција, сруши трикатна зграда со армирано-бетонска конструкција во близина на патниот правец Валона-Орикум, објави Топ чанел.

Владината кампања „Урбана ренесанса 2.0“, како што претходно објави Рама, има за  цел отстранување на дивоградби и ослободување на узурпираните јавни површини низ целата земја.

Истата беше претставена како клучен чекор во подготовките за влез во Европската Унија до 2030 година.

Главната цел на кампањата е создавање почисти, уредени и „поевропски“ градови, како дел од пошироката реформа за територијално планирање и контрола. Акциите за уривање веќе се спроведуваат во Тирана, Скадар, Валона, Драч и други урбани, крајбрежни и заштитени подрачја. Отстранети се различни нелегални објекти – настрешници, киосци, огради што го блокираат пристапот до јавниот простор.

Владата отвори и онлајн платформа „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат да пријавуваат нелегално градење, узурпација на јавен простор или загадување. Рама секојдневно објавува видеа од акциите на социјалните мрежи, повикувајќи на соработка меѓу граѓаните, општините и бизнис заедницата.

Кампањата е дел од пошироките реформи во инфраструктурата, управувањето со отпад и снабдувањето со вода. Меѓу реакциите, најголемо внимание привлече уривањето на околу 70 објекти во заштитеното подрачје Тет, каде што дел од јавноста реагираше на методите на спроведување.

Според Рама „Урбана ренесанса 2.0“ ќе биде дел од залагањата во неговиот четврт премиерски мандат, со построги правила, вклучувајќи конфискација на нелегално изградени објекти и формирање „црна листа“ на инвеститори што ги прекршуваат законите. Ослободените простори ќе бидат преуредени според проекти на домашни и странски архитекти.

Албанија Валона дивоградби Еди Рама урбана ренесанса 2.0
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.