Атина: Пожар избувна претпладнево во едниот од моторите на туристички брод со 168 патници и седум членови на екипажот додека пловел во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Закинтос, а сите туристи биле евакуирани и безбедно пренесени на пристаниште.
Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека пожарот бил изгасен од членовите на екипажот на бродот што пловел под грчко знаме, а веднаш по избувнувањето во морскиот дел пристигнале еден патролен брод и приватни чамци.
Сите патници биле преземени од приватните чамци и безбедно префрлени на пристаништето во Агиос Николаос на Закинтос.