НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечена седница по повод 24-годишнина од потпишување на Рамковниот договор, Мицкоски со порака за обединување и мир

0
By Marija Todorovska on August 13, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес, 24 години по потпишувањето на Рамковниот договор, стоиме овде не само да се потсетиме на еден историски датум, туку да се потсетиме на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната свечена седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Мицкоски посочи дека летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја, дека нашата татковина беше разнишана од конфликт, од страв, од неизвесност. Имаше мигови, додаде тој, кога изгледаше дека ништо нема да остане исто, дека патот кон пропаст е неизбежен. Но, тогаш, додаде премиерот, со храброст, со трпение и со визија, избравме пат на мир, на дијалог, на компромис, на заедништво.

За овие работи треба да се зборува отворено и без ракавици. Дали Македонците беа најсреќни со потпишување на Рамковниот договор? Убеден сум дека тоа не е така. Чувство на огорченост, гнев. Веројатно такво било чувството и кај Албанците. Системски и тешки реформи, менување на Уставот во услови на воен конфликт. Но, да зборуваме отворено, Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир. Донесе стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија.
Рамковниот договор не е само лист хартија. Тој е симбол на зрелост, на храброст и на мудрост. Тој е потсетник дека, колку и да се разликуваме по јазик, вера, култура или етничка припадност – сите ние делиме една историја и една заедничка иднина. Тој е доказ дека Македонија може да биде дом за сите свои граѓани, и дека различностите се наша предност, истакна Мицкоски.

Денес, исто како и тогаш, посочи тој, сме пред избори – не избори на хартија, туку избори во срцето и умот.

Ќе дозволиме ли повторно да се појават ѕидови меѓу нас? Ќе се препуштиме ли на поделби и недоверба? Или ќе го избереме патот кој тогаш го избравме – патот на заедништво, на почитување, на љубов кон татковината и меѓусебно разбирање, праша Мицкоски.

Рамковниот договор, како што кажа, е и долго злоупотребуван договор од поединци.

 Над 20 години имавме структури кои го користат национализмот како најдобра прекривка за заштита на криминалот и личните интереси. Впрочем таквиот национализам е последното прибежиште на оние кои направија кариери, стекнаа огромен капитал на грбот на народот кој го делат, и врз чии поделби опстојуваат во политиката. Со една рака пишуваат и делат во каков свет ќе се живее. Со другата, ја крадат земјата, стекнуваат имоти, хотели, трговски центри, скапи возни паркови. И не им пречи бојата на парите. Таквите поделби не ги решаваат проблемите на реалните луѓе кои бараат само едно, подобар живот за себе, рече премиерот.

Како политичар, додаде Мицкоски, не познавам ваков или таков, мал или голем свет, туку само еден свет- Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани.

Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност. Луѓето си одат, селата се празнат и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Срби и Власи и Бошњаци и сите. Тоа се најдобрата порака на народот спрема оние кои 20 години манипулираат дека работат за нив, а постојано ги делат. Натпреварот не е кој колку може да биде радикален или да се удира во гради со простодушен национализам, туку денес битката е да ги решиме реалните проблеми, да обезбедиме подобри услови за живот, за работа, просперитет за секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак и останатите наши сограѓани. Нашата задача е да обезбедиме иднина за сите, затоа што Македонија е дом на сите нејзини луѓе, рече тој.

И на оваа маса, посочи Мицкоски, седат луѓе и партнери кои ја гледаат политиката низ призма на тоа што можеме повеќе да направиме за народот.

 Нема простор и нема место повеќе за поединци и структури кои манипулираа и правеа вештачки кризи, етнички и политички за подоцна себе си да се наметнуваат како решенија. Вистината токму говори, дека најголемиот белег во однос на Рамковниот договор е што оваа влада преку носењето на законот за правична застапеност ја исполни и последната обврска и нема повеќе отворени прашања во овој поглед, рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека Рамковниот договор е затворено поглавје и оти останува да сведочи за потребата за обединување и интегрирање во исполнувањето на заедничките цели.

Нашата татковина не е силна затоа што сме сите исти, туку затоа што сме различни, а сепак сме заедно. Силата е во тоа што е една држава, со едно срце, но со многу бои. 24 години се доволно време за да сфатиме дека мирот не е нешто што се подразбира – мирот е нешто што се гради секој ден. Тој бара трпение, бара почит, бара подготвеност да се слушне и другата страна. И бара политичари, граѓани, интелектуалци, работници, студенти – сите – да ја стават иднината пред личниот интерес, нагласи тој.

Како што кажа, овој ден не е само спомен туку обврска да се потсетиме на храброста на оние кои тогаш застанаа и рекоа: „Доста е со поделби, време е за мир“. Обврска да не дозволиме омразата и нетрпеливоста повторно да пуштат корен, рече тој, обврска да им оставиме на нашите деца држава која е обединета, силна и праведна.

Нека знаат сите – нема македонска, нема албанска иднина, нема турска или српска иднина – има само заедничка, македонска иднина за сите нас. И таа иднина ќе биде онаква каква што ќе ја создадеме денес, рече премиерот Мицкоски повикувајжи ги сите без разлика на вера, националност или политичка определба или политичка неопределба – да ја изберат државата пред поделбата, иднината пред минатото, љубовта кон татковината пред омразата.   

Историјата, нагласи тој, нè учи дека татковината не се брани со оружје – таа се брани со доверба, со почит, со визија. – А визијата која ја имам за Македонија е јасна – земја каде граѓанинот е слободен, институциите се праведни, а различностите се почитуваат и слават. 24 години по Рамковниот договор, да им покажеме на сите – дома и надвор – дека остануваме верни на патот на мирот и заедништвото. Дека сме научиле од минатото, дека сме подготвени да се гледаме во очи и да кажеме: „Заедно сме посилни“, заврши Мицкоски.

Нема вистинска демократија без доверба и нема функционална држава без еднаковст. Ова е филозофијата што ја води нашата Влада – градење на општество кое ја гледа разновидноста не како пречка, туку како богатство, не како поделба, туку како можност.  Затоа секоја политичка одлука што ја носиме, секоја реформа што ја преземаме мора да биде во согласност и со духот и принципите на Охридскиот договор, порача вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити на свечената седница, по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, нагласувајќи дека „духот што сакаме да го инсталираме во нашето општество е духот на соживот, почит и заедничка надеж за иднината“.

Охридскиот рамковен договор, Меџити кажа во своето обраќање, не е само сеќавање, туку „жив процес кој секојдневно треба да се претвора во правични закони и инклузивни политики и институции кои им служат на граѓаните со чесност“.

Да го чуваме овој договор како наш политички и морален бисер. Да продлжиме да го спроведуваме со посветеност и визија, зошто само така нашиот заеднички дом Северна Македонија може да биде правична, еднаква и просперитетна држава за сите, изјави Меџити.

Меџити, нагласи дека денеска не се потсетуваме само на еден документ кој стави крај на еден конфликт, туку се потсетуваме на политичка и институционална визија врз која се гради нашата модерна држава – држава на сите и за сите.

Охридскиот рамковен договор е темелот врз кој развивавме нов пристап кон градењето на државата – пристап кој ја гледа еднаковста, инклузивноста и прават како неразделни елементи на демократското функционирање. Денеска нашите владини политики се засноваат токму на овој дух, да создадеме држава која му служи на секој граѓанин, без разлика на етничка припадност, верска или политичка определба. Охридскиот договор не беше само мировен договор, тој беше нашиот нов општествен договор врз кој воспоставивме низа реформи и политики со цел трансформација на институциите од затворени структури, во отворени, достапни и репрезентативни механизми, порача Меџити.

Владата, нагласи Меџити, е посветена на изградбата на правен и институционален систем кој гарантира реална, а не само формална еднаквост, констатирајќи дека „оваа година е најуспешната од независноста на Република Северна Македонија“.

Ова не е само законска обврска, ова е политичка и морална мисија, зошто последиците од формалната еднаквост сите ги чувстуваме. Последица на формалната еднаквост е половичниот закон за употреба на јазиците, кој е оспорен пред Уставниот суд, но и механизмот на балансерот, кој беше укинат од Уставниот суд… Уставниот суд треба да ги толкува законите согласно Уставот и неговиот дух, а не само да прави црно-бело читање на неговите членови. Од оваа причина Владата го зајакнува користењето на јазиците согласно принципите на Охридскиот договор и Уставот на државата, на сите нивоа на администрацијат и јавниот живот, како симбил на еднаковоста и меѓуетничка почит. Едноставно кажано, употребата на албанскиот јазик во јавните институции не е укината, туку вложуваме напори да ја зајакнеме во услови кога актуелниот закон е оспорен пред Уставниот суд, спроведуваме инклузивни политики во образованието и културата кои го одразуваат нашиот општествен мозаик и му даваат на секое заедништво заслужен простор за зачувување и развивање на својот идентитет. Градиме мултиетничка државна служба каде застапеноста не е само статистика, туку додадена вредност за ефикасност и кредибилитетот на институциите. Во овој дух го изработивме и законот за правична застапеност кој многу скоро ќе биде усвоен во Собранието, изјави Меџити.

Меџити Мицкоски Рамковен договор свечена седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.