По телефонскиот разговор помеѓу лидерите од Европа, Зеленски и Трамп, украинскиот претседател потенцираше дека е задоволен од разговорот, но појасни дека во никој случај нема да ги прифати територијалните отстапки како услов за прекин на војната, пишува Гардијан.
Тој, исто така, вели дека „она што ја засега Украина мора да се разговара со Украина“, додека ја поддржува идејата за дополнителен тристран самит со Трамп и Путин.
Она што ја засега Украина мора да се разговара со Украина, рече Зеленски и го поздрави европското единство и „многу интензивната“ координација со европските лидери.
Зеленски повторно соопшти дека треба да има поголем притисок врз Русија, бидејќи, како што вели, Путин „блефира“ кога вели дека не му е гајле за санкциите.
Зеленски, исто така, вели дека Трамп го уверил дека ќе го контактира веднаш по средбата со Путин за да разговараат за тоа и дека доколку не се постигнат целите што се дискутираат денес, ќе разговараат што да прават следно.
Прашан дали неговиот став за територијалните отстапки се променил, Зеленски одговари дека не се променил и не може да се промени, бидејќи украинскиот устав останува ист.
Ниедно прашање што се однесува на територијалниот интегритет на нашата земја не може да се дискутира без да се земат предвид нашиот народ, волјата на нашиот народ и украинскиот устав, вели тој.