НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лескоец / Црвена Вода: Започна седмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“

0
By Zoran Ivanov on August 22, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково”, во чест и слава на родоначалникот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески, денеска, по седми пат, започна манифестацијата – Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”.

Свеченото отворање се одржа во во Централното основно училиште “Ванчо Николески”во Лескоец, крај Охрид, единствената институција која го носи името на бардот на македонската литература за деца и млади, во Македонија.

Професорите и учениците, приредија културно уметничка програма за своите драги гости, годинешните учесници од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, по што, заедно, во Алејата на заслужните на “Градските гробишта” во Охрид, учесниците, положија цвеќе на вечното живеалиште на Николески.

Во име на финансискиот покровител и поддрржувач на манифестацијата, која е под формален патронат на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија, учесниците ги прими и ги поздрави претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиноски.

Синоќа, средба со нив имаше и претседателката Гордана Сиљаноска Давкова, која им испрати и посебно Послание, нагласувајќи ја историската улога на Ванчо Николески во литературното творештво во Македонија, на Балканот и пошироко.

Утре, на вториот ден, учесниците ќе бидат пречекани од етничките Македонци во блиските соседни земји, додека, во Глобочани, кај Пустец, ќе имаат час и разгледување на “Спомен домот” на прославениот албански прозен автор од македонско потекло, Стерјо Спасе.

Последниот ден, недела, ќе бидат гости на мештаните од Црвена Вода, каде им се приредува закуска со селски специјалитети, ја разгледуваа “Спомен собата” на Ванчо Николески, а пред неговата родна куќа, им се доделуваат Повелбите за учество.

Младите литерати, за цело време, другаруваат и творат под креативната грижа и поука од страна на нашиот познат автор и педагог, професор – др Христо Петровски.

Во рамките на воспоставената традиционална соработка, учесниците, се во можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата.

Годинава, гости на манифестацијата се и група нашинци кои живеат во Австралија, а кои, исто така, го слават името и делото на Ванчо Николески, за што, на свеченото отворање, пошироки информации добија од страна на познатиот македонски активист, Наум Трајчески, поет и претседател на Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбеј.

 

балкански деца камп поетски црвена вода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.