Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за телевизија „Телма“ посочи дека власта свесно ги отвора вратите за изборни неправилностибидејќи ВМРО-ДПМНЕ губи голем број гласови.
Сметам дека тоа е намерно. Сметам дека во услови кога е сѐ поочигледно и повеќе извори, повеќе анкети, повеќе анализи ни покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ губи огромен број на гласови, над 100 илјади, некаде околу 120 илјади гласови, посегаат по инструменти коишто сериозно можат да го загрозат изборниот процес, аспектот на демократијата во целокупниот процес, рече Филипче.
Според него, изјавата на премиерот Христијан Мицкоски според која и година дена по формирањето на новата влада за главни виновници во државата се посочуваат СДСМ и ДУИ ја покажува целата неспособност на владата.
Ја слушнав изјавата на премиерот и жалам што слушнав таква изјава. Сметам дека е тоа резултат на една целосна неспособност и немање капацитет да се менаџира и да се води држава, вели Филипче.
Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина делот од Изборниот законик за процентот на потребни потписи за да се кандидираат независните листи, власта чекаше до последниот момент и даде предлог-закон откако изборите беа распишани. Необезбедувањето на партнерите од ВЛЕН да ги поддржат измените на Изборниот законик, пак, според Филипче е целосна одговорност на премиерот и коалицијата.
Сметам дека целосно одговорен за оваа работа е премиерот и владеачката коалиција. За жал отвораат можност да се злоупотребат изборите и тоа да им оди во нивна корист, да ловат во матно, поради тоа што очигледно е дека губат огромен број на гласови, изјави Филипче.
Претседателот Филипче најави дека тој и СДСМ будно ќе ги следат сите тактики и инструменти со кои се служи власта, а кои сериозно можат да го загрозат демократскиот изборен процес и соодветно ќе реагираат на злоупотреби.
Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија
Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.
Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина телото од изборниот закон од процентот на потребни потписи да се кандидираат независните листи власта чекаше до последниот момент да даде предлог на закон откако изборите беа распишани. За жал не направија ништо ниту да се обидат тој закон за помине во Парламентот, не дојдоа сите пратеници од коалицијата од ВЛЕН од дел од националностите. Не се ни обидоа да го обезбедат бадентеровото мнозинство иако ние како СДСМ дадовме поддршка за тој процес. Излеговме во пресрет и ја подржавме и го поддржавме и предлогот да се намали цензусот на 0,5% во интерес на тоа да граѓаните ја изразат својата волја преку независните листи да може во еден јасно структуриран процес тие да се кандидираат и да ги дадат своите кандидати. За жал власта целосно потфрли, рече Филипче
Целосно одговорен за оваа работа Филипче го смета премиерот Мицковски и владејачката коалиција кои дозволија отворање можности да се злоупотребат изборите во нивна корист, да го скријат очигледното губење огромен број на гласови.