Сефер Селими: Апсолутно се согласувам дека ДУИ не се албанците, како што манипулираше со потсвеста на македонските граѓани ВМРО ДПМНЕ кога ја обвинуваше ДУИ, а алудираше на Албанците. Но, од каде го црпи правото ВМРО-ДПМНЕ да се повикува на етничките Македонци?! Ниту ДУИ се Албанците, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ се Македонците. Македонците во Северна Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа е спротивно на она што го нуди оваа влада. Прва лекција на демократијата: Партија и народ не се исто.
Извор: Фејсбук