Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калас: Русија не го добива замрзнатиот имот без репарации

0
By Xhabir Deralla on August 30, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 30, 2025 09:53

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, истакна дека е незамисливо руските средства, блокирани во земјите на ЕУ поради конфликтот во Украина, да бидат вратени без Русија да ги надомести штетите од војната.

Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации, рече Калас пред медиумите, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Според информациите од ЕУ, околу 210 милијарди евра руски имот се замрзнати во рамките на Унијата, како дел од санкциите воведени кон Москва поради инвазијата на Украина. Украина и некои од земјите-членки на ЕУ, меѓу кои се Полска и балтичките држави, апелираат тие средства да бидат конфискувани и да се употребат за помош на Кијив.

Меѓутоа, најголемите членки на ЕУ, како Франција и Германија, како и Белгија, каде што е лоциран најголемиот дел од имотот, ги одбиваат овие предлози. Тие нагласуваат дека Унијата веќе ја има предвидено идната заработка од тие средства за финансирање на помошта за Украина и ја оспоруваат правната основа за конфискација.

Како што наведуваат дипломатите, дискусијата се повеќе се фокусира на начините на кои средствата би можеле да се искористат по завршувањето на војната во Украина.

 

замрзнати Калас Русија средства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.