НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Од утре во Србија пониски цени за околу 20.000 производи од егзистенцијалниот семеен потрошувачки пакет

0
By Zoran Ivanov on August 31, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле приходи од над 4,5 милијарди динари или околу 38 милиони евра, што значи дека сите трговски синџири ќе мора да ги применуваат, а некои од нив лани имале повеќе од една милијарда евра профит.

Министерот за финансии на србија, Синиша Мали, изјави дека од утре, цените на 20.000 производи од 23 категории ќе бидат намалени на полиците на сите малопродажни синџири, како што е предвидено со уредбата на Владата за ограничување на маржите.

Очекуваме намалување на цената од 10-15-20 проценти во просек, во зависност од тоа колку била маржата на одреден производ претходно. Важно е да не станува збор само за неколку производи, туку за целиот асортиман на храна што сите ја купуваме секој ден, рече Мали во интервју за весникот Курир. Тој изјави дека анализата утврдила дека цените на прехранбените производи, безалкохолните пијалоци и сличните производи во голема мера го диктираат нивото на инфлација и дека тоа мора да се ограничи.

Поевтинуваат следниве производи од егзистенцијалната семејна потрошувачка кошничка:

млеко, млечни производи, јајца, безалкохолни пијалоци, кафе, чај, свежо овошје и зеленчук, преработка на овошје и зеленчук, леб и печива, мешунки, замрзнати производи,свежо и преработено месо, свежа и преработена риба, солени кондиторски производи, слатки кондиторски производи, житарки шеќер, мед, брашно, тестенини, масла и масти, оцет, ориз, сол и зачини, хемија за домаќинство, хартија и кујнски производи, лична хигиена и козметика,храна за бебиња, пелени.

Таа регулатива се однесува на сите малопродажни продавници кои во 2024 година оствариле вкупен деловен приход од повеќе од 4,5 милијарди динари или околу 38 милиони евра, освен за трговците во трговијата на местото на продажба во преносни продажни објекти.
Лани, Делез Србија оствари приходи околу 1,4 милијарди евра, Идеа пазари околу 911 милиони евра, Универекспорт околу 355 милиони евра, Лидл околу 940 милиони евра …

 

Белград нови пониски цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.