НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот фестивал на независна театарска продукција „Under 600″ овој септември во Скопје

0
By Marija Todorovska on September 1, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Under 600″ – првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан (поддржан од Британскиот совет), овој септември во Скопје! Од 25 до 28 септември оваа година, на различни локации во главниот град, ќе се одиграат репрезентативни претстави од независната сцена од регионот. Преку овој ревијален фестивал, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар, како и предизвиците со кои тој се соочува.

Овој четиридневен настан ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар. Како организатор на фестивалот, „Штрих” ќе биде домаќин на 12 претстави и перформанси и тоа со фокус на македонската продукција. Програмата ја сочинуваат и настани за вмрежување, како и специјална програма со фокус на млади театарски уметници, која вклучува проследување на фестивалот од студенти од регионот и презентирање на две претстави. Овие активности се насочени кон поддршка на следните генерaции театарски креатори и создавање на платформа за размена на искуства и соработка. Со настани низ целиот град на јавни, алтернативни простори, кафулиња и неконвенционални локации, фестивалот ќе го потенцира проблемот со простор на независната сцена и креативните решенија кои таа ги користи за да се справи со истиот. Регионалниот карактер на фестивалот дополнително овозможува создавање на една заедничка енергија, запознавање и заедничко согледување на творечките сличности и различности во регионот.
Програмата ќе биде објавена во наредните денови на официјалните канали на фестивалот.

„Штрих” е независен театар основан во Скопје во 2021 година, посветен на создавање слободен простор за творештво. Преку смели театарски продукции, издавање драмска литература и меѓународни соработки, нивната визија е да се подигне свеста за независниот театар и да се катализира уметничко и опшествено влијание. Мисијата на „Штрих” е да ја разгори фантазијата, да ги предизвика перспективите и да ги обедини заедниците преку моќта на театарот.

„Under 600“ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, создадена од Штрих заедно со Дах театар од Србија и Корифеј театар од Црна Гора. Иницијативата започна со креирање на онлајн платформа за споделување и комуникација во секторот, настани на фестивалите Уметноста и човековите права на Дах театар и Корифеј фестивалот во Колашин, Црна Гора. Фестивалот е главниот фокус на оваа програма.

under 600 Скопје театар штрих
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.