Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството за случајот „Онкологија“: Несовесното лекување било систематско, не случајно

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 5, 2025 13:23

Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе ја добијат потребната терапија и нивното здравје нема да биде нарушено, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор во случајот „Онкологија“, против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Обвинителката Гоговска Јакимовска најави дека пред Судот, ќе изнесе докази дека првообвинетиот Никола Васев свесно и систематски постапувал спротивно на основните начела притоа предизвикувајќи тешко нарушување на здравјето на пациентите.

Обвинетиот извршил повеќе исти дејствија и со што грубо ги прекршил стандардите и препораките на светските и европски онколошки процедури. Обвинетиот без конзилијарна одлука спроведувал и одобрувал терапии со несоодветно дозирање и аплицирање, и без оценка на перформанс статусот и биохемиски параметри на пациентите. Ќе покажеме дека терапиите биле препишувани дури и кога не биле потребни, а со тоа и штетни, без можност за развивање терапевтски ефект, изјави Гоговска Јакимовска.

Дополнително обвинителство, рече таа, ќе докаже дека ова несовесно постапување било овозможено со директна работа со второобвинетата Мери Пешевска, која во рамки на своето небрежност и постапување му дала свои лозинки за пристап до системот и на тој начин му овозможила финализирање на терапии без соодветен пристап.

Онколошкото лекување бара исклучително постапување бидејќи станува збор за интензивни терапии каде грешките може да имаат фатални последици. Не следење на меѓународни онолошки упатства, отсуство на конзилијарно одлучување, неправилности дозирање лекови, давање терапија надвор од дозволени, пропуст за земање в предвид на параметри, рече обвинителката.

Најави дека пред судот ќе изнесе докази кои недвосмислено докажуваат дека обвинетите во својство на лекари – специјалисти по онкологија во критичниот период строиле кривично дело несовесно лекување на болни.

Со постапување спротивно на стручно утврдени постапки, без соодветно конзилијарно мислење… давале неподобни терапии често со несоодветна доза, кои биле не само неефектовни туку и штетни. Ќе докажеме дека не се изолирани грешки, туку образец на несоодветно постапување што резултирало со штета по животот на пациентите. Ќе покажеме дека не го почитувале професионалните обврски, туку делувале со очигледна несвесност и неодговорност. Ваквите нивни дејствија не биле само пропуст, туку со криминални последици. Ќе бараме правдата да биде задоволна во име на законите, пациентите и хуманоста, порача обвинителката.

весев обвинителство Онкологија пациенти терапија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.