Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

0
By Marija Todorovska on September 15, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 15, 2025 13:03

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес остро реагираше на обидот на премиерот Христијан Мицкоски да ја искористи трагедијата во Трубарево за, како што рече, „пи-ар драмолетка со хибриден напад“.

„Ниту еден премиер досега не се осмелил вака неосновано да манипулира со теми од безбедносната сфера. Да вовлекува странски центри на моќ, хибридни сценарија, а да не преземе буквално ништо институционално – тоа е не само несериозно, туку и крајно опасно,“ предупреди Филипче.

Според него, ако навистина постоеше закана од странски сили, Владата имала обврска веднаш да го свика Советот за безбедност, да го алармира НАТО, да ја мобилизира Армијата и безбедносните служби.

„Ништо од тоа не видовме. Наместо реакција, гледаме само сценарио за одвлекување на вниманието од реалниот проблем – хаосот во институциите и потполната неспособност да се справат со последиците од пожарот во Трубарево,“ рече тој.

Филипче укажа дека ваквото однесување е доказ за дилетантско водење на државата. „Секојпат кога ќе има проблем, вината се префрла на замислени непријатели. Еднаш се дронови, другпат странски служби, трети пат хибридни напади. А граѓаните се оставени сами, без информации, без заштита, без надеж,“ изјави тој.

„Ова не е прв пат премиерот Мицкоски да посегне по безбедносна терминологија за дневнополитичка корист. Но, како што предупредуваат експертите, злоупотребата на државните институции во служба на пи-арот, претставува длабоко поткопување на довербата во системот и дополнителна дестабилизација на општеството. Ако веќе владата нема решенија, барем нека престане да создава лажни приказни. Државата не е театар, а народот не е публика за евтини политички претстави“, заклучи Филипче.

Мицкоски пожар трубарево Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.