Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 1, 2025 13:02

Белград: Комеморативни собири по повод 11 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено се одржуваат денеска низ Србија. Студентите во блокадата најавија дека ќе организираат комеморативна прошетка во Белград по повод 11 месеци од таа трагедија.

Во соопштението, тие ги повикаа граѓаните да ги остават свирчињата дома и најавија дека во 17:30 часот, конвојот ќе тргне од железничката станица Прокоп, каде што е собирот, кон железничката станица во Нов Белград.

Најавени се собири во Крагуевац, Ниш, Прокуље, Суботица …
И по единаесетмесечни протести и барања од граѓани и студенти, никој се уште не  е повикан на одговорност за падот на настрешницата. Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против тринаесет лица во врска со штета на буџетот од 115 милиони долари за време на реконструкцијата на железничката пруга Нови Сад-Келебија во декември лани, но се уште нема значаен напредок. Горан Весиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, сè уште не е сослушан, поради здравствени причини.

Кон средината на септември, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад повторно покрена обвинение против поранешниот министер Горан Весиќ и 12 обвинети во овој случај. Сега обвинението се проверува. Обвинетите се товарат за кривични дела што се квалификуваат како тешки кривични дела против општата безбедност од член 288 став 2 од Кривичниот законик.

На почетокот на април, Вишиот суд во Нови Сад го врати на дополнување обвинението против 13 лица поради падот на настрешницата, во која загинаа 16, а едно лице беше тешко повредено. По анализата на обвинението и доказите, вонсудечкиот совет на овој суд одлучи дека „е потребно подобро разјаснување на прашањето за да се испита основаноста на обвинението“.

 

11 месеци комеморации настрешница несреќа Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.