Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Курти застана на страната на Мицкоски и треба да се извини

0
By Zoran Ivanov on October 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 3, 2025 10:54

Лидерот на ДУИ го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека застанал на страната на Мицкоски на штета на Албанците во Македонија и побара тој да се извини.

Премиерот Христијан Мицкоски не може да успее во политиката на сметка на Албанците и без да го почитува легитимитетот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Еуроњуз Албанија. Според лидерот на ДУИ, локалните избори се албанско-македонски референдум.

Октомври е албанско-македонскиот референдум. Христијан не може да биде успешен во политиката без да го почитува легитимитетот на албанската нација во Северна Македонија. Овие политики на деградирање на албанското прашање не му прават никаква корист ниту на Христијан Мицкоски ниту на Албанците што ги има таму нелегитимно. Неколку пати ги повикавме Вреди да ја напуштат коалицијата и да се обединат околу платформа во мирна одбрана на Охридскиот договор. Успешните политики се прават со политики што имаат легитимитет, фер вклученост, консензуална демократија које е основа на Охридскиот договор. Ние не сакаме да станеме причина за кризи, сакаме да придонесеме и имаме капацитет да ја туркаме земјата напред, изјави Ахмети.

Ахмети споделил детаљ од средбите со Мицкоски, каде што рече дека премиерот првично предложил со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори во октомври, но дека потоа се предомислил.

Демократската унија за интеграција е многу посилна. Што се однесува до парламентарните избори, неопходно е тие да се одржат. Претходно разговаравме со господинот Мицкоски и имавме одлука да им ги пренесеме пораките на нашите партии дека заедно со локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни избори, но на втората средба тој се повлече и имаше нови опции. Јас останав на првата опција што ми ја предложи, да одиме и на локални и на парламентарни избори едновремено, рече Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ изјави и дека позициите на Албанците во Македонија се деградираат поради несоодветната застапеност во Владата. Тој го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека застанал на страната на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, на штета на Албанците во Македонија и на нивните права.

Зошто Албин Курти ја зазема страната на Мицкоски? Тој очигледно зазеде страна. Соработував со сите партии во Албанија и во Косово, но никогаш не сум зазел страна, ни требаат добри односи со двете албански држави. Тој отворено зазеде страна во поддршка на антиалбанската политика на Мицкоски. Два месеци медиумите во Македонија се занимаваат со Коридорот 8, велејќи дека се гради во Голема Албанија, вели Али Ахмети.

Линк

 

 

али Ахмети извини курти Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.