Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Администрацијата на Трамп ги нарекува градовите предводени од демократите „воени зони“

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 7, 2025 11:32

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Чикаго за „воена зона“ за да може таму да испраќа војници, додека припадниците на Калифорниската Национална гарда се распоредени во Портланд, Орегон, уште еден град предводен од демократите, и покрај блокадите на судовите.

Тоа е воена зона. Неговиот град е воена зона, а тој лаже за да можат криминалците да влезат и да ги уништат животите на луѓето, изјави министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем за „Фокс њуз сандеј“, осврнувајќи се на градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, кој ги осуди „неуставните мерки“.

Ноем тврди дека бандите, картелите и другите „познати терористички организации“ нудат награди на демонстрантите за да се соочат со агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE).

Трамп во саботата потпиша наредба за испраќање 300 припадници на Националната гарда во Чикаго за „заштита на федералните агенти и имотот“, соопшти Белата куќа.

Демократите ја критикуваа одлуката, вклучувајќи го и Дик Дарбин, сенатор од Илиноис, државата каде што Чикаго е најголем град. Тој верува дека републиканскиот претседател не сака да се бори против криминалот, туку „шири страв“.

Тие се оние што го претворија овој град во воена зона, изјави демократскиот гувернер на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, за Си-Ен-Ен во неделата, опишувајќи ги рациите и повикувајќи војниците да се повлечат.

Гувернерот во соопштение ја нарече одлуката на Белата куќа „инвазија на Трамп“.

Нема никаква причина да се испраќаат војници во Илиноис или во која било друга држава без знаење, согласност и соработка на локалните власти, се додава во текстот.

Анкета на Си-Би-Ес објавена во неделата покажува дека 58 проценти од Американците се против испраќање на Националната гарда во американските градови.

Трамп веќе испрати војници во Лос Анџелес, Вашингтон и Мемфис во последните месеци, секој пат со противење од локалните власти.

Таквата одлука за Портланд е привремено блокирана од две судски одлуки. Федералната судијка Карин Џ. Имергут нагласи во првата пресуда дека „немало бунт или закана за националната безбедност“ во градот.

Гувернерката на Орегон, Тина Котек, во неделата објави дека контингент од 101 припадник на Националната гарда од Калифорнија е распореден во нејзината држава и покрај првата пресуда, принудувајќи го судот да издаде втора пресуда за запирање на распоредувањето на трупи од Калифорнија во Портланд.

 

администрација воени демократите зони САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.