Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од бележникот на набљудувачот на цивил: Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

0
By Zoran Ivanov on November 5, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 5, 2025 21:10

ЦИВИЛ излезе на терен со 60 акредитирани мобилни изборни набљудувачи, додека состојбите во изборен контекст се следеа подолго време, односно интензивното долгорочно набљудување на изборниот процес започна на почетокот на август.

Биљана Јордановска

На избирачкото место ИМ 2957/1, во ОУ „26 Јули“ во Шуто Оризари, набљудувачот на ЦИВИЛ забележал апсурдна, но вистинита ситуација за време на вториот круг од локалните избори 2025 година.

Имено, дедо и внук со исто презиме се нашле во спротивни „изборни“ улоги – дедото, иако починат, сè уште фигурира во Избирачкиот список, а внукот, жив и со право на глас, го нема, се вели во краткиот извештај на аналитичкиот тим на ЦИВИЛ кој ги подготвуваше извештаите за прес конференциите на ЦИВИЛ во текот на изборниот ден на 2 ноември. Споменатиот случај беше дел од онлајн прес конференцијата емитувана во 21 часот.

Навистина, овој извештај повеќе звучи како виц, но е гротескна реалност за системот кој ѝ дозволува на администрацијата да ја третира изборната доверба како формалност, се вели и во Прелиминарниот извештај на ЦИВИЛ кој беше објавен ден по изборите со наслов: „Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости“.

Ваквите случаи го доведуваат во прашање интегритетот на Избирачкиот список и укажуваат на итна потреба од темелно прочистување и поинаков пристап кон ажурирање на податоците, се вели во извештајот на ЦИВИЛ, што е став кој се повторува и во финалните извештаи на организацијата со години наназад.

Овој текст е дел од серијалот со заеднички наслов „Од бележникот на набљудувачот на ЦИВИЛ“ со што на јавноста ѝ се откриваат детали за текот на изборниот процес низ илустративни примери за случувањата и состојбите.

ЦИВИЛ излезе на терен со 60 акредитирани мобилни изборни набљудувачи, додека состојбите во изборен контекст се следеа подолго време, односно интензивното долгорочно набљудување на изборниот процес започна на почетокот на август. На овие избори, организацијата бележи и зголемен број пријави и од граѓанките и граѓаните кои пријавуваа изборни нерегуларности или се јавуваа со прашања поврзани со нивното право на глас.

Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ е дел од проектот „Демократски навигатор“ кој претставува одговор на дезинформациите и хибридните закани, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. ЦИВИЛ го спроведува проектот во соработка со партнерските организации и коосновачи на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI). Една од компонентите на проектот е токму изборниот мониторинг по чие завршување организацијата ќе објави детален извештај, анализа и стратешки препораки до институциите, јавноста, и меѓународната заедница.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

избори неправилности Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.