Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајче за реалноста

0
By Zoran Ivanov on November 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 6, 2025 10:02

Во регионот, сликата е уште попоразителна за нас. Албанија и Црна Гора не само што напредуваат, тие веќе се споменуваат како можни нови членки на Европската Унија до 2030 година. И додека тие грабат напред со конкретни реформи, ние се занимаваме со тоа дали извештајот е „објективен“ или „балансиран“. Разликата меѓу нас и нив не е во капацитетите, туку во политичката волја. Тие имаат план, а ние имаме изговори.

Жанета Ќосе

Кога власта почнува да ги нарекува документите на Европската комисија „извештајчиња“, тоа е јасен сигнал дека политичката самодоверба ја заменила одговорноста. Наместо сериозна анализа и акција по најтешкиот извештај за Македонија во последната деценија, јавноста доби внимателно скроен наратив на минимизирање и самопофалби.

Односот на претставниците на власта се токму тоа – вежба во дипломатска реторика без суштина, обид да се контролира штетата и да се смири јавноста со уверувања дека „нема назадување“. Но реалноста е поинаква – државата стои во место, а граѓаните плаќаат цена за секој изгубен реформски чекор.

Во обид да ја претстави Владата како кредибилен европски партнер, таа ја потиснува суштината на извештајот – дека реформите се блокирани, судството е нефункционално, а корупцијата станува системска навика. Наместо да понуди конкретни одговори, тој се повикува на „доверливост“, како да е доверливоста алиби за немањето резултати.

Ваквиот настап не е изолиран случај, туку дел од поширока стратегија на власта да ја релативизира одговорноста и да ја претвори јавната комуникација во маркетинг кампања. Проблемите не се решаваат, туку се комуницираат со празни фрази за „усогласеност со ЕУ“ и „геополитичка стабилност“, додека државата тоне во институционален застој.

Економијата, исто така, е заробена меѓу политичките калкулации и реалноста што не може да се скрие со бројки. Проекцијата за инфлација од 2,5% можеби изгледа оптимистички, но базичната инфлација е повисока, цените се непредвидливи, а реалниот живот на граѓаните зборува поинаква приказна.

Платите растат номинално, но без продуктивноста што би го оправдала тој раст – што носи нов инфлаторен притисок. Македонија стана увозно зависна економија, ранлива на секој надворешен шок, од цената на енергијата до нарушените трговски ланци.

Задолжувањето и каматните трошоци стануваат се поголем фискален ризик, додека инфраструктурните проекти како Коридорите 8 и 10 носат ограничен раст од едвај еден процент. Недостигот на квалификувана работна сила и регресивниот даночен систем дополнително го блокираат потенцијалот за вистински развој.

Во регионот, сликата е уште попоразителна за нас. Албанија и Црна Гора не само што напредуваат, тие веќе се споменуваат како можни нови членки на Европската Унија до 2030 година. И додека тие грабат напред со конкретни реформи, ние се занимаваме со тоа дали извештајот е „објективен“ или „балансиран“. Разликата меѓу нас и нив не е во капацитетите, туку во политичката волја. Тие имаат план, а ние имаме изговори.

Извештајот на Европската комисија не е непријател на Македонија. Тој е огледало. Но наместо да се погледне во тоа огледало, Владата одбира да го замагли со политичка шминка и дипломатски флоскули. Граѓаните, пак, живеат во реалност каде што секој ден е борба со поскапувања, административен хаос и чувство дека државата повеќе не им служи ним, туку самата на себе.

Одговорноста не е да се убедува јавноста дека „нема назадување“. Одговорноста е да се покаже како ќе се оди напред. Македонија не може повеќе да си дозволи влада што се плаши од вистината. Затоа што додека политичарите зборуваат за извештајчиња, вистинскиот извештај за државата го пишуваат луѓето – секој ден, на сопствен грб.

 

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.