Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД – СДСМ предлага решение за деблокада

0
By Zoran Ivanov on November 12, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 12, 2025 15:45

Почитувани претставници на медиумите, почитувани земјоделци, стопанственици и граѓани. Суспензијата на исплатите за ИПАРД програмата поради корупцискиот скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието предизвикаа шок, недоверба и огромна неизвесност кај илјадници македонски земјоделци и компании, се наведува во соопштението од прес – конференцијата на пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ.

Бидејќи владата и министерството молчат денеска ќе објавиме колкав е импактот, колку проекти се засегнати, колкава е вредноста на инвестициите.

Бројките огромни и поразителни.

Со суспендирањето на ИПАРД 3, блокиран е целиот буџет од 128 милиони евра, но бидејќи досега на располагање на земјоделците се ставени 65 милиони евра со кофинансирање тоа се  вкупно инвестиции во износ од 130 милиони евра кои сега де факто се ставени во мирување.

Досега има склучени 453 договори во вредност од 35 милиони евра, од кои исплатени се само 10 милиони. Во моментов над 180 инвестиции вредни над 25 милиони евра, се директно погодени, а уште 30 милиони евра во нови проекти се стопирани. Овие бројки ги потврди и соопшти и Министерството за финансии вчера.

Значи вкупно, над 130 милиони евра инвестиции во земјоделството се ставени во мирување.

Зад сите овие бројки стојат луѓе, земјоделци, фирми, семејства, кои вложиле сè со надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес тие се оставени без одговор кога и дали ќе им бидат исплатени средствата, дали воопшто ќе можат да продолжат или не.

Исто така, стотици нови апликанти кои ги подготвија своите проекти за 2025 година сега се во ќорсокак. И најавените нови јавни повици се стопирани.

Ова е силен удар и македонското земјоделството е пред ризик од економски колапс. Програмата која беше симбол на развој и модернизација денес е на колена.

Почитувани,

Потребни се решенија, потребна е итна и координирана акција.

Затоа, упатувам јасен повик до Владата, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии и  Агенцијата за финансиска поддршка да го прифатат овој план за деблокада на ИПАРД програмата во неколку чекори.

  • Утврдување на фактичката состојба, обемот и слабостите. Како претседател на Комисијата за земјоделство, веќе побарав детални информации за причините и обемот на суспензијата. Целта е јасна: да се утврди вистината, да се откријат институционалните слабости.
  • Потоа, врз база на овие наоди заеднички да се подготви Акциски план кој државата ќе го достави, и ќе го презентира до Европската комисија.

Со ваков еден план државата ќе се обврзе да преземе и да воспостави засилени механизми на контрола, ефективни антикорупциски мерки и поголема транспарентност во спроведувањето на европските програми.

Нашата порака до партнерите во Брисел мора да биде јасна и недвосмислена: ова е изолиран случај, надлежните мора да постапат, секој што е инволвиран ќе биде сакнциониран.

Време е да покажеме одговорност и решителност бидејќи ова не е само прашање на европски фондови ова е прашање на доверба во институциите, прашање за иднината на македонското земјоделство.

Нека овој момент биде пресвртна точка, да изградиме систем кој нема да зависи од поединци, туку од јасни правила, интегритет и отчетност.

Само така ќе можеме да гарантираме дека европските средства ќе продолжат да се користат таму каде што им е местото: за поддршка на македонските земјоделци и развојот на руралните средини.

 

ипард криминал љупчониколовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.