Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Ех ние – па ние сме Горди

0
By Zoran Ivanov on November 16, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 16, 2025 19:52

Зоран Иванов

Утре во  Брисел, во седиштето на ЕУ, Албанија го отвара последниот кластер во преговорите со Унијата.

Последниот во преговорите за рамноправно членство во Европската Унија.

Албанија.

Албанија државата која до само пред, гледано историски, скромни три и пол децении, беше светки симбол за самоизолација.

За затвореност, сиромаштија материјална и на духовна. Симбол за европска беда на континентот.

Албанија, земјата чиј слободарски медитерански дух стенкаше нагазен од нејзиниот децениски тоталитарен комунистички водач, прво сталинист па потоа и маоист Енвер Хоџа, утре во Брисел, во центарот на либералната и слободарска Европа, на европската вредносна маса, ја става и последната тема на патот кон своето целосно интегрирање во друштвото во кое, покрај големите и многуљудните и многу моќните, се и едена Данска и едена Словенија и еден Луксембург, на пример.

Натаму, во тоа и во едно такво друштво, незапирливо ита нашиот западен сосед Албанија.

Ита во тоа напредно, во тоа економски елитно и друштво напредно и во сет други цивилизациски вредносни достигања.

Албанија.

Албанија земјата во која се уште, сега само како туристичка атракција, а како потсетување на едно мрачно време за албанските граѓани, се уште се наѕираат илјадниците бетонски печурки во кои Енвер Хоџа и неговата клика ја „бранеа“ земјата од светската цивилизација.

Бетонски бункери со кои тогашната тоталитарна власт ги затвори, ги плашеше и ги „бранеше“ своите граѓани од измислениот непријател.

И, ете таа, токму таа Албанија по само три и пол декади во кои и самата преживеа трауматични транзициски бранувања, криминали, политички прогони, корупции, таа Албанија утре во Брисел ја отвара и последната тема што од неа ја бара европски Брисел.

Албанија го прави тоа без компромиси, го први со силно европски ангажирано политичко водство.

Оваа актуелна албанска политичка гарнитура го прави тоа понизно пред своите сограѓани или го прави тоа гордо пред ЕУ, е сеедно и сосема неважно дури и за албанските граѓани и тоа темата не е.

Темата на овие редови е дека Албанија чекори.

Дека чекори.

А ние, Македонија?

Ех, ние.

Па ние сме Горди!

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.