Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прилеп: Градаот на театарот – без театар

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 26, 2025 13:41

Осум месеци по затворањето на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, институциите и понатаму молчат за неговата иднина.

Ниту има одлука дали ќе се гради нова зграда, ниту јасен план за реконструкција. Она што останува е – празнотија. И таа празнина најсилно ја чувствуваат токму тие што со децении ја полнеа сцената со живот.

Пензионираниот актер и култна фигура на прилепската сцена, Андон Јованоски – Ашата, денес со тага зборува за моментот кога дознал дека театарот се затвора.

Кога разбрав дека се затвора театарот … нешто се откина од мене. Многу тешко ми беше. Се сеќавам на дупките, на таванот што течеше — таков објект беше, ама работевме, правевме успешни претстави.

Со горчина додава дека токму во „најтеатарскиот град“ државата донела одлука да го затвори театарот, иако низ цела Македонија има објекти што не функционираат во најдобри услови, но не се ставени под клуч. „Каде да одат младите?“, прашува тој.

Младата актерка Катерина Чамакоска ја опишува атмосферата во првите недели по затворањето како емотивно разорувачка.

Буквално плачевме кога дознавме. Имавме емотивни проби, продолжувавме да работиме… и потоа завршува пробата, а ти се соочуваш со суровата реалност дека немаш куќа, дека е неизвесно каде ќе ја дадеш премиерата.

За неа, затворањето личи на враќање дома во куќа што е заклучена. Апелира и до градот и до Министерството: „Да мрднат работите од мртва точка. Ние да си се вратиме дома.“

За нововработениот актер Илија Волчески – Волче, иронијата е најболна: конечно добива вработување по десет години чекање, но во момент кога институцијата е затворена.

Официјално започнав со плата од август, после десет години… а театарот — затворен. Моето вработување ми беше светла точка, ама ситуацијата е парадокс.

Тој потсетува дека проблеми имало во сите театри, но упорноста ја спасувала сцената. „Таква упорност ни пренесоа старите генерации — да се бориме со тоа што го имаме.“

Последните седум години „тапкање во место“ со проектот за нова зграда доведоа до фаза во која Прилеп бара нешто што не би смеело да бара: право на основна културна инфраструктура. Објектот е затворен, актерите играат по алтернативни простории, а публиката останува без свој дом.

Мора театар да се врати. Не може најтеатарскиот град да живее без театар, вели Ашата — реченица што денес тежи повеќе од кој било извештај или стратегија.

Ова не е административно прашање. Ова е прашање на културно достоинство.

Затоа прилепската јавност прашува и прашањето станува сè погласно:

Дали Прилеп ќе добие нов театар, реконструкција на постојниот или уште една година тишина?

Извор: Рацин.мк

 

без Прилеп театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.