Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во пожарот во Хонгконг загинаа најмалку 128 луѓе, семејствата на исчезнатите губат надеж

0
By Zoran Ivanov on November 28, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 28, 2025 16:21

Бројот на жртви во најголемиот пожар во Хонгконг во последните речиси 80 години се искачи на 128, а приближно 200 лица сè уште се водат за исчезнати од запалениот станбен комплекс, изјави денес безбедносен службеник. Пожарот во комплексот Ванг Фук Корт, кој се состои од осум облакодери од 32 ката во северниот округ Таи По, избувна завчера попладне.

Службеникот за безбедност на Хонгконг, Крист Танг, на прес-конференција изјави дека системите за противпожарен аларм во комплексот не работеле правилно. Спасувачките напори се завршени и најмалку 79 лица, вклучувајќи и 12 пожарникари, се повредени, рече тој. Комплексот, со повеќе од 4.600 жители, беше покриен со бамбусови скелиња и зелени заштитни мрежи.

Полицијата соопшти дека уапсила тројца службеници на градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност бидејќи биле користени небезбедни материјали вклучувајќи запаливи стиропорни плочи, кои ги блокирале прозорците.

Додека пожарникарите денес се бореа со пожарот гаснејќи ги сè уште зградите шти тлеат, семејствата имаа тешка задача да ги прегледаат фотографиите од мртвите направени од спасувачите. Мира Вонг, чии родители живееле во Ванг Фук Корт, чекаше вести за својот татко.

Тукушто видов фотографија што можеби е телото на мојот татко. Неговото тело сè уште е исчезнато, рече 48-годишната Вонг. Друг жител, кој не сакаше да биде именуван, рече дека сопругата на нејзиниот пријател е меѓу исчезнатите.

Рационално кажано, тоа значи дека нема надеж. Но, телата сè уште треба да се пронајдат, нели? Ова е премногу тажно. Кога станува збор за луѓе што ги познавате, тоа е уште поболно, додаде таа. Десетици домашни работници од Филипините беа убиени во катастрофата, а 19 сè уште се водат за исчезнати“, рече Едвина Антонио, раководител на засолништето за мигранти „Бетун хаус“.

Индонезискиот конзулат соопшти дека двете починати индонезиски државјанки работеле и како собарки. Хонгконг има речиси 368.000 работници во оваа професија, претежно жени од посиромашните азиски земји, кои живеат со своите работодавци.

Ова е најсмртоносниот пожар во Хонгконг од 1948 година кога 176 лица загинаа во пожар во магацин. Компаниите што ја покриле надворешноста на зградите со запаливи материјали беа обвинети за пожарот, како и владата и градежниот сектор.

Полицијата уапси двајца директори и еден инженерски консултант од „Престиж констракшн“ за која владата рече дека го одржувала Ванг Фук Корт повеќе од една година.

Имаме причина да веруваме дека одговорната компанија била крајно небрежна, што довело до несреќата и до неконтролирано ширење на пожарот, што резултирало со големи жртви, изјави вчера полициската началничка Ајлин Чунг.

„Престиж“ не одговори на повторените повици за коментар. Полицијата заплени голем број документи вклучувајќи список на вработени, четиринаесет компјутери и три мобилни телефони при претресот на канцеларијата на компанијата, додаде владата.

Службата за градско планирање дискутира за постепено заменување на бамбусовото скеле со метално за безбедност. Лидерот на Хонгконг, Џон Ли, рече дека владата ќе формира фонд вреден речиси 33,2 милиони евра за да им помогне на жителите, а некои од најголемите кинески компании објавија донации.

Втората ноќ по пожарот, десетици евакуирани лица спиеја на душеци во блискиот трговски центар, а многумина од нив рекоа дека местата во официјалните центри за евакуација треба да бидат резервирани за оние на кои им е потребна помош. Луѓето, од постари лица до ученици, се завиткаа во јоргани и се натрупаа во шатори пред ресторани и продавници, а волонтерите делеа грицки и неопходни работи.

Хонгконг, еден од најгусто населените градови во светот, е полн со висококатници. Екстремно високите цени на недвижностите долго време се извор на социјално незадоволство, а аналитичарите велат дека трагедијата би можела да го зголеми презирот кон властите и покрај напорите за консолидирање на политичката контрола.

 

загинати пожар Хонг Конг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.