Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сообраќај: Од денеска само СМС опомени – од Први јануари и глоби

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 1, 2025 14:47

Министерството за внатрешни работи ќе испраќа СМС и е-пошта до сопствениците на возилата за прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“, со линк за преземање на записникот и платниот налог, користејќи ги податоците за контакт оставени при регистрација.

Опомените за сообраќајни прекршоци отсега ќе пристигнуваат по СМС и по е-пошта, а доколку казната се плати во рок од осум дена, износот ќе биде преполовен.

Од денеска започна пробниот период на проектот „Безбедна држава“, со кој возачите што ќе направат сообраќаен прекршок ќе добиваат известување за сторената повреда на правилата.

Законот за безбедност на сообраќајот предвидува МВР да врши контрола врз возачите и врз другите учесници во сообраќајот преку непосредно набљудување, технички уреди и преку средства за снимање. Со последните измени, прекршоците ќе се документираат и преку системи за видео-надзор и автоматска детекција.

Сите прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“ ќе се санкционираат согласно прописите за највисока дозволена брзина, без исклучоци – независно дали се сторени во населено место или надвор од него.

За прекршоците што ќе бидат регистрирани преку системот „Безбеден град“, МВР ќе испраќа СМС-порака и е-пошта до сопственикот на возилото. Известувањето ќе содржи линк преку кој се презема записникот за сторениот прекршок и прекршочниот платен налог. Пораките се испраќаат на контакт-податоците што сопственикот ги има оставено при регистрацијата на возилото.

Доколку сторителот ја прифати одговорноста и ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на записникот, ќе плати само половина од изречениот износ. По истекот на тие осум дена, глобата може да се плати во целост во дополнителен рок од уште осум дена, и тоа пред покренување на постапката за присилна наплата. Ако глобата се плати навреме, не се наплатуваат трошоци за постапката.

Странците, како и македонските државјани кои патуваат во странство и би можеле да го избегнат плаќањето, мора веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од приемот на записникот, да ја платат целата глоба. Ако тоа не го направат, МВР ја проследува обврската до надлежниот орган за присилна наплата.

Кај прекршоци за кои, покрај глобата, е предвидена и забрана за управување со моторно возило или престанок на важноста на возачката дозвола, МВР ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд, дури и ако глобата е платена навреме.

Глобите ќе можат да се плаќаат електронски преку линк кој ќе се добие со известувањето. Уплатницата автоматски ќе го содржи бројот на записникот и точниот износ што треба да се плати.

По извршената уплата, МВР веднаш добива електронска потврда дека глобата е платена.

 

безбеден град казни Камери сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.