Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти во три стратешки региони

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Tirana from drone
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 9, 2025 09:06

Албанската Влада официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026-2028, стратешки документ кој има за цел да ги подготви албанските институции да се справат со зголемените миграциски текови на територијата на земјата.

Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот а по предлог на министерот за внатрешни работи, додека нејзиното спроведување е доверено на Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование, структурите за цивилни вонредни состојби, како и други државни институции

Прифатните центри нема да се градат концентрирано во еден град, туку ќе бидат распределени според мапата на миграциските текови и главните премини. Поточно, во југоисточните и јужните гранични региони, главно во Корча, Ѓирокастро и Валона, објавија медиумите.

Според документот во Албанија е предвидено формирање прифатни центри со фокус на мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои ги користат Албанија и Србија како транзитна траса кон Грција.

За поддршка на локалната самоуправа на Албанија, во период кога миграциските феномени добиваат сè поголеми размери и влијаат врз социјалните, економските, политичките и културните димензии на многу земји, Албанија како земја во Западен Балкан не е исклучена од овие случувања, додаваат медиумите.

Во документот се наведува дека целта е да ги подготви сите централни и локални институции и структури за успешно справување и управување со кризата на мешани миграциски текови, за кои се очекува да се зголемат, на границите и територијата на Албанија.

Исто така, се наведува дека има за цел да обезбеди исполнување на барањата на мигрантите за преместување, евакуација, комуникација, итно сместување, помош со храна, здравствена заштита и психосоцијална поддршка.

Според албанските власти, националната имиграциска политика на Албанија има цел да управува со миграциските текови и да ги гарантира правата на мигрантите.

Националниот план стапува во сила по објавувањето во Службен весник и ќе биде правна основа за сите теренски акции за управување со миграцијата. Поради својата географска положба, Албанија е вклучена во балканската миграциска рута, која ги вклучува Турција, Грција, Албанија, Србија, а потоа и Централна Европа, стои во документот.

Се оценува дека конфликтите на Блискиот Исток, безбедносната ситуација во Авганистан и нестабилноста во неколку земји во Азија и Африка значително ги зголемија миграциските текови во овој коридор.

Во Албанија, во округот Лежа веќе има прифатен центар во пристанишниот град Шнѓин и сместувачки камп во Ѓадр, врз основа на договорот со Италија. И по две години од изградбата истите не профункционираа поради одлуките на судот во Рим. Сепак италијанската премиерка, Џорџа Мелони, не се откажува од намерата и неодамна рече дека набрзо ќе профункционираат.

 

Албанија бегалски отвори центри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.