Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчките земјоделци продолжуваат со протестите – Евзони пак затворен во интервалите 12 до 16 и 18 до 22

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 9, 2025 13:16

Земјоделците во Грција продолжуваат со масовните протести и за денеска најавуваат ново блокирање на границите.

Со повеќе од 50 блокади распоредени низ цела Грција – меѓу кои и на граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција – земјоделците продолжуваат со масовните протести и за денеска најавуваат ново блокирање на границите.

Во Ираклион на островот Крит, аеродромот е затворен до раните утрински часови, поради што беа откажани голем број летови, објави грчки „Катимерини“.

Граничниот премин „Евзони“ и денеска ќе биде неколку часа блокиран, првин од 12 до 16 часот, а потоа повторно од 18 до 22 часот по локално време. Исклучок од ограничувањата ќе важи само за грчките камиони што ја напуштаат земјата. Блокадата таму е поставена со повеќе од 300 трактори, а земјоделците секојдневно одлучуваат колку долго ќе го затвораат преминот.

Трактори има и на преминот Ники (Меџитлија), каде што, според грчките медиуми, денеска е закажана четиричасовна блокада од 10 часот. Попречувања во сообраќајот има и на граничните премини кон Бугарија и Турција.

На Крит ситуацијата ескалираше кога земјоделците на патот кон аеродромот во Ираклио се судрија со полицијата, го пробија кордонот и упаднаа на пистата, по што аеродромот беше затворен од синоќа до утринава. Слични инциденти се случија и во Ханија, каде што демонстрантите, исто така, се обидоа да стигнат до аеродромот.

Најголемиот земјоделски камп е поставен кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се пренасочува по споредни патишта. За утре е најавен нов протест во Волос, како и блокада на пристаништето. Дополнителни блокади има на автопатот Е65, кој ги поврзува Ламија, Кардица и Трикала со автопатот Егнатија.

Протестите започнаа на 30 ноември поради високите трошоци за производство, ниските откупни цени и скандалот со земјоделските субвенции од ЕУ. Главното барање на земјоделците е да се исплатат заостанатите средства и да се намалат производствените трошоци. Засега не е познато колку долго ќе продолжат протестите.

На неколку блокади земјоделците поставија и новогодишни елки – симболична порака дека нема намера да се повлечат и дека, ако треба, празниците ќе ги поминат на улица.

 

Грција земјоделци протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.