За скандалот со ИПАРД, Трипуновски и Мицкоски треба да одговараат за овој криминал и за штетата што ќе ја претрпат земјоделците, посочи Јована Тренчевска, потпреседателка на СДСМ, на денешната прес-конференција.
Европската Комисија ги суспендирала сите исплати за ИПАРД 3 програмата поради корупцискиот скандал.
Изолација од ЕУ! Десет дена власта молчи за оваа одлука. Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има!
Таа ги повика европските институции на итна интервенција:
Бараме брза, темелна и целосно транспарентна истрага. Затоа ја повикавме главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да дојде во Македонија. Немаме доверба во институции под притисок на власта, кои го штитат криминалот наместо правото и јавниот интерес. Нема да дозволиме да си играат со судбината на граѓаните.
Одговорност ќе има. Работата не е завршена, рече Тренчевска.




