Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лерин: СИРИЗА реагира на скандалот со цензурата врз музичкиот бенд „Банда Ентопика“ кој пееше и на македонски

0
By Zoran Ivanov on December 27, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 27, 2025 10:18

Грчката опозициска партија СИРИЗА остро ја осуди одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат настапот на бендот „Банда Ентопика“ поради изведба на песна на македонски јазик, оценувајќи ја како неприфатлив чин на цензура.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, СИРИЗА наведува дека јавната објава на бендот за прекинот на нивното појавување, како од страна на градоначалникот така и од дел од присутните, укажува на сериозни проблеми поврзани со слободата на уметничкото изразување и начинот на кој таа се третира, особено кога притисокот доаѓа од носители на јавни функции во рамки на локалната самоуправа.

Нетолерантните испади се неприфатливи и штетни за неопходната солидарност меѓу различните луѓе и народи, дури и кога станува збор за музички настап на бенд кој е познат по пеење на повеќе јазици – грчки, македонски, бугарски, турски, српски и ромски, се наведува во реакцијата на партијата.

Од СИРИЗА потсетуваат дека бендот бил принуден јавно да појасни оти нивниот настап не бил платен од општината, откако градоначалникот изјавил дека „јас плаќам“ и дека „такви песни не би се пееле во мојот град“.

Во соопштението СИРИЗА-ПС нагласува дека секој обид за цензура е недозволив, не смее да најде оправдување во демократско општество и нема да биде толериран.

 

Бенд Лерин македонски Сириза цензура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 11, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

ВЕСТИ August 11, 2026

Периодите на екстремна топлина стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни, бидејќи климатските промени ја затоплуваат…

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026

Колумбија: Разорен земјотрес од 7.4 степени – голем број настрадани

August 10, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.