Израел е првата земја што официјално ја призна Сомалиленд како „независна и суверена држава“.
Сомалиленд прогласи независност од Сомалија во 1991 година.
Како што објави „Ynetnews“, Нетанјаху објави дека Израел официјално ја признава Република Сомалиленд, а неговиот кабинет објави дека Нетанјаху и претседателот на Сомалиленд потпишале заедничка декларација.
Во соопштението се наведува дека декларацијата е потпишана „во духот на Авраамовите договори“, кои ги иницираше американскиот претседател Доналд Трамп.
Според извештаите, како дел од идната соработка, се разгледува можноста Сомалиленд да учествува во етничкото чистење на Палестинците или ,како што го нарекуваат медиумите блиски до Израел, „прифаќање на палестински бегалци“ од Појасот Газа.
Трамп, пак, јавно праша која е таа земја порачувајќи дека САД нема никогаш да ја признаат.




