Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајненшал тајмс: МАГА нападот врз европската демократија

0
By Zoran Ivanov on January 15, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 15, 2026 14:26

Во својата најнова колумна за Financial Times, угледниот економски и политички аналитичар Мартин Волф предупредува дека американската стратегија за национална безбедност повеќе не ја гледа Европа како партнер, туку како идеолошко бојно поле.

Документот, објавен во декември, ја прикажува Европа како континент во „цивилизациско исчезнување“ – загрозен од миграцијата, падот на наталитетот, губењето на националниот идентитет и наводната репресија на слободниот говор. Но, според Волф, ваквата реторика не е реална анализа на европските проблеми, туку проекција на внатрешните стравови и идеолошки конфликти што ја разјадуваат самата американска демократија.

Клучен дел од стратегијата е најавата за поддршка на таканаречени „патриотски европски партии“. Како пример се наведува унгарскиот премиер Виктор Орбан – лидер под чие владеење, според базата на податоци Varieties of Democracy (V-Dem), Унгарија доживеа драматичен пад на либералната демократија и слободата на изразување.

Волф потсетува дека токму Европа ја научи најскапата лекција за опасностите од агресивниот национализам и екстремната идентиетска политика. Историјата на два светски војни, уништени општества и десетици милиони жртви јасно покажува дека „патриотските“ движења, кога се поставени над демократијата и владеењето на правото, не водат кон заштита – туку кон распад.

Нападите врз Европската унија, дополнува Волф, ја игнорираат суштинската причина за нејзиното постоење: спречување на војна и создавање заеднички политички и безбедносен простор во свет доминиран од суперсили и авторитарни режими. Во таков контекст, слабеењето на ЕУ не значи зајакнување на суверенитетот, туку зголемување на ранливоста.

Најопасниот елемент, според авторот, е стравот од „цивилизациско исчезнување“ – наратив поврзан со теории на заговор за „Големата замена“ и со расно-религиозна дефиниција на идентитетот. Тоа не е одбрана на демократијата, туку нејзина негација.

Заклучокот е јасен: оваа американска администрација не се обидува да ја „спаси“ Европа, туку ја третира како непријател на либералните вредности што некогаш ги делеле. Затоа, Европа нема избор освен активно да ги брани демократијата, човековите права и мултилатералниот поредок.

демократија мага напад тајмс фајнешел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.