Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

0
By Zoran Ivanov on February 3, 2026 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 3, 2026 14:04

Одлуката на Централната изборна комисија на Косово да не ги потврди резултатите од изборите за Српска листа е спротивна на правото на граѓаните на Косово демократски да ги избираат своите претставници, изјави амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Косово во одговор на Радио Слободна Европа.

Секој обид за поткопување на тој основен принцип го поткопува партнерството меѓу Соединетите Американски Држави и Косово, беше наведено.

На 31 јануари, Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово ги објави конечните резултати од вонредните парламентарни избори што се одржаа на 28 декември минатата година, но членовите на Самоопределување одбија да ги одобрат резултатите за Српската листа, најголемата партија на Србите во Косово.

Српската листа ја опиша оваа одлука на ЦИК како „нелегална и дискриминаторска бидејќи негира над 42.000 гласови“ што ги доби на парламентарните избори и поднесе жалба до Изборната комисија за жалби и петиции.

На парламентарните избори, Српската листа освои девет од десетте пратенички места резервирани за српската заедница, додека едно место освои Ненад Рашиќ од партијата За слобода, правда и опстанок.

Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово реагираше претходно, повикувајќи на почитување на меѓународните изборни стандарди, транспарентно и сеопфатно објавување на изборните резултати.

Движењето Самоопределување на Албин Курти во неколку наврати се обиде да ја спречи Српска листа да учествува на изборите, но Комисијата за изборни жалби и петиции редовно ја поништуваше таквата одлука.

 

амбасада листа Приштина српска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.