Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Златната книга на Лудви“ на Тина Иванова ги носи децата на магично патување кон музиката на Бетовен

0
By Zoran Ivanov on February 9, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 9, 2026 13:19

Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, викендов, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоција на  сликовницата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова.

Kнигата, која е збогатена со илустрациите на Рената Јосифовска, е дел од новата едиција „Музичка кутија“ во издание на „Арс Ламина“.
На промоцијата се одржа и мини-претстава за деца, во која учествуваа авторката Тина Иванова и диригентката Дијана Имери-Илкоска, која беше задолжена и за интерпретација на музиката на Бетовен за пијано. Настанот, кој се одржа во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, го проследија многубројни деца и нивните родители.

„Златната книга на Лудви“, која е инспирирана од животот и творештвото на Лудвиг ван Бетовен, е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, во кој ќе бидат застапени и сликовници инспирирани од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски. Овие книги не го обработуваат животот на композиторите, туку претставуваат нови бајки за деца, смислени од авторката Иванова.

Од сè што досега имам издадено, стручни книги, романи, раскази и монографии, објавувањето на овие сликовници ме прави најсреќна, бидејќи се наменети за најискрената и најубавата публика, децата.

Книгите се создадени со идеја да ја поттикнат желбата кај децата, но и кај возрасните, да се посветат на класичната музика. Приказните не се инспирирани од детството или животот на музичарите, туку се измислени, но имаат голема поврзаност со карактерите на композиторите и нивните композиции. На пример, Лудви е типичен Бетовен, а Вулфи е токму каков што бил Моцарт, но интерпретирани според моето доживување како музиколог и автор …  Поради тоа што за детството на Бетовен се знае многу малку, има простор денес да го замислуваме и претпоставуваме каков бил тој како дете – рече Иванова во промотивниот дел.

Иако во јавноста прво беа прикажани театарските претстави, всушност прво беа напишани книгите, од кои потоа се развиле сценските изведби.

Книгите ги напишав пред две години, летото кога првпат останав сама без моите деца, бидејќи тие пораснаа и секој тргна по свој пат. Ми недостигаше таа врска родител–дете, бев меланхолична што децата ми пораснаа и веќе не се дружиме како порано. Моето бегство од таа носталгија беше да напишам книги за деца. Идејата произлезе од тоа што додека беа мали, секоја вечер им измислував приказни за Лошко и Добре, два лика за кои долго време бараа да им раскажувам. Така се разви мојот однос со детската литература и така се роди желбата да пишувам за деца. Сега, кога ги напишав овие книги, сакам да продолжам да творам за најмладите, додаде таа.

Главниот лик во „Златната книга на Лудви“, малиот Лудви, е необично дете – кое сака книги и свири на пијано, но минува низ низа неочекувани случувања. Приказната е топла, разиграна и полна со емоции, вистинско доживување за деца и возрасни.
Лудви е нетипично дете за денешното време — затоа што за разлика од другите, тој чита книги, свири пијано, се интересира за природата и вселената и има голема библиотека со книги. Книгата е бајковита и полна со магични елементи. На пример, во неа постои златна книга која му помага на Лудви да стане видлив за другите — иако е повлечен и срамежлив и понекогаш е исмеан од другарчињата, преку златната книга неговиот талент и вистинскиот карактер се согледуваат од сите околу него. Преку Лудви ја откриваме главната порака на приказната: секој од нас има свој талент, само треба да го следи својот сон и да ги реализира своите идеи, рече Иванова, која по професија е музиколог.

Музиката е дел од нејзиното секојдневие, професионално и приватно. Вели дека сите книги ги има напишано слушајќи музика. Според неа музиката и книжевноста се основа за уште поинтензивна креација и се одлична ментална храна.
– Научно е докажано дека мозокот подобро работи кога читаме или кога слушаме музика, особено класична. Музиката е друг јазик — јазик на ноти — но и литература, бидејќи во неа се кријат многу длабоки книжевни остварувања и филозофски мисли. Таа е уште многу неистражено поле; кога зборуваме за класичната музика, тоа е како бунар без дно. Музиката ја поттикнува фантазијата, а кога фантазијата е разбудена, настапува креацијата, а со неа и среќата. Кога децата се среќни, среќни се и родителите. Тоа е еден круг на животот и креацијата, рече на крајот Иванова.

Извор: Слободен печат.мк

Литература лудви Промоција Тина Иванова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.