Published: Thursday, February 12, 2026 12:50
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски поднесе оставка од својата функција.
Причините за одлуката сè уште не се објавени, а се очекува Комисијата да информира за процесот на избор на нов претседател.
Бислимоски ќе остане претседател на РКЕ се додека Собранието не донесе одлука за престанок на функцијата.




