НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Книги и конференција за депортацијата на Евреите

0
By on March 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска, Еврејската заедница во Македонија обележува 70 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.

Делегации на Еврејската заедница, Владата и Собранието на РМ ќе положат цвеќе пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат и пред спомениците на депортираните Евреи и на борците загинати во НОБ на градските гробишта во Бутел.

Oдбележувањето на годишнината ќе заврши со комеморативен концерт во Домот на АРМ, а утре ќе продолжи со чествувања на жртвите во холокаустот во Битола и Штип во кои, покрај Скопје, пред Втората светска војна живееле најголем број Евреи. Во МАНУ утре ќе биде одржана научна трибина „70 години од депортацијата на Евреите од Македонија“ и промоција на книгата „Движењето на отпорот и Евреите од Македонија“ од Жамила Колономос.
Во Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи вчера беше промовирана книгата „Плима и слом“ од Жени Лебл и беше отворена изложбата „Нови сведоци на холокаустот“.

Ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година биле уапсени 7144 Евреи од Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрациски логор. Утрото на 11 март 1943 тие биле собрани во сточни вагони и од Битола и Штип сите заедно доведени во скопскиот Монопол, каде што останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 во еден вагон, и транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде што биле егзекутирани.

Во март 2011 година во Еврејското маало во Скопје беше свечено отворен Меморијален центар на холокаустот на македонските Евреи. Изграден е со средства од имотите на семејства на убиените македонски Евреи кои немаат наследници. Тие беа собрани во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој претходно работеше на имотно-правните прашања поврзани со денационализацијата на земјиштето каде што е изграден објектот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.