Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подморница удри по иранска фрегата кај Шри Ланка – најмалку 101 исчезнати

0
By Zoran Ivanov on March 4, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2026 12:37

Судбината на најмалку 101 лице е непозната, додека 78 се повредени во напад на подморница врз ирански брод покрај брегот на Шри Ланка, изјавија за Ројтерс извори во морнарицата и Министерството за одбрана на Шри Ланка.

Претходно, министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, објави дека неговата земја спасила 32 „сериозно повредени“ морнари од иранска фрегата што потона денес надвор од територијалните води на островот.

Министерот не ги прецизираше причините за експлозијата на овој воен брод.

Екипаж од 180 луѓе се наоѓал на иранската фрегата „Ирис Дена“ кога воениот брод испратил СОС порака денес во зори , според министерот, кој ги дал овие појаснувања додека зборувал во парламентот.

Министерството за одбрана на Шри Ланка објави дека спроведува потрага по други членови на екипажот на фрегатата, која потона околу 40 километри јужно од Шри Ланка, во Индискиот Океан.

Продолжуваме со потрагата, но сè уште не знаеме што се случило со остатокот од екипажот, изјави за АФП друг портпарол во Шри Ланка, додавајќи дека има мали шанси да се пронајдат уште преживеани.

Херат соопшти дека два брода на морнарицата на Шри Ланка и еден авион се распоредени за спасувачката операција, без да ги прецизира причините за потонувањето.

Иран исчезнати подморница удри Фрегата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.