Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Трагедијата во Карпош е аларм, одговорност од Тошковски мора да има

0
By Zoran Ivanov on March 4, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2026 13:43

Со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност, дури и кога пријавата е повлечена, нагласи на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, а во однос на трагедијата во скопската населба Карпош. Тренчевска посочи дека непостапувањето на институциите согласно законските обврски доведе до трагични последици.

Со измените на Кривичниот законик насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност. Дури и кога пријавата е повлечена. И не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето на жртвата. Полицијата е обврзана да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, рече Тренчевска.

Тренчевска посочи дека загрижувачки е фактот што жртвата две години пријавувала семејно, физичко и психичко насилство, имало 12 пријави за сопругот кој имал и други обвиненија и пријави, меѓу кои и за дрога. Институциите имале сознанија и било пријавувано, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите.

Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР. Потфрлија центрите за социјална работа. Потфрли целиот институционален систем. Формалното постапување, игнорирањето на законските обврски и непостоењето на навремена реакција доведоа до најстрашниот исход – трагична смрт на мајка и дете, рече Тренчевска.

Таа додаде дека ова не е изолиран случај и потсети дека пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, која исто така пријавувала насилство, а институциите повторно не реагирале навреме.

Само во 2026 година веќе се изгубени четири животи поради родово базирано и семејно насилство. Ова е аларм за ресет на целиот систем и повик дека одговорност мора да има, рече Тренчевска.

На прес-конференцијата, Тренчевска повика МВР да спроведе темелна истрага која со име и презиме ќе утврди одговорност кај сите службени лица – во МВР, центрите за социјална работа и во сите институции кои потфрлиле, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да си поднесе оставка.

 

оставка СДСМ Тошковски Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.